Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #033 & 034

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #033 & 034

#33то продолжение

 

           

 

            Aндрес нервозно погледна во Луз. Стана од софата и пријде по чаша вода. Почувствува како му се суши устата.

–       Сакав да те изненадам, – додаде Луз. – Отидов да направам тетоважа. Онаква каква што имаш ти на грбот. Човекот кој ме прими одби да ми ја изработи. Ми рече дека таквите ги прават само во затвор. Алекс, те молам биди искрен со мене и кажи ми ја вистината. Зошто беше во затвор?

 

 

Мариса беше млада девојка на околу дваесет и пет години. Со црна, густа коса, крупни очи и витка става. Гледаше во Себастијан додека рацете и трепереа. Тој и понуди да седне на столицата пред бирото.

–       Не можам да продолжам со овој терет. Јас знаев за бомбата поставена во летот со кој ти управуваше.

–       Смири се, те молам, и кажи ми како знаеше за бомбата, – Себастијан се обидуваше да остане приземјен.

–       Ме прелажа…Му верував…Слепо му верував.

–       Кој те прелажал? На кого си му верувала, Мариса?

–       Извини, не можам, – низ солзи додаде девојката и практично побегна од канцеларијата. Себастијан се обиде да ја сопре, но таа веќе влезе во лифтот. Но, тој не се откажа. Потрча по скалите.

 

 

Алекс пријде до Луз, ги зеде нејзините студени раце во своите, ги принесе до своите усни, ја погледна во очи и рече;

–       Пред се сакам да знаеш дека ти си девојката која ја чекав сите овие години, Луз. Да, точно е дека бев во затвор. Тоа беа најгорчливите години во мојот живот. Се плашев да ти го кажам тој мрачен дел од моето минато. Се плашев мислејки дека ќе ме оставиш. Ниту една девојка не сака да гради врска со поранешен робијаш.

–       Алекс, не, – го разубедуваше Луз, подавајки му ги усните.

–       Јас никогаш не го запознав мојот татко. Мајка ми велеше дека е мртов, но јас мислам дека ни самата не знаеше кој е. Во нејзиниот живот се појавуваа многу мажи. Мажи кој ја користеа и ја оставаа. Се додека еден ден не се појави Карлос. Една пијаница која ја малтретираше и ја тепаше секојдневно. Не само неа. Ме тепаше и мене. Беше кошмар. Ноќе не можев да спијам од нивните расправии, плашејки се да не ја удри. Една ноќ, се расправаа со мајка ми и ја удри со столица. Не можев да преминам преку тоа…Имав само шеснаесет години. Таа вечер беше последна кога Карлос крена рака на мојата мајка. Таа вечер го убив, – со солзи во очите раскажуваше Алекс.

–       Доста, не мораш да зборуваш повеќе, – полна со емпатија, Луз го прегрна најсилно што можеше и самата плачејки на неговата тешка судбина.

–       Го убив, љубов моја, го убив, – низ солзи повторуваше Алекс, додека Луз се обидуваше да го утеши со својата силна прегратка.

 

 

Агата се врати во собата на својата золва да провери како е. Беше пладне, но Мерседес веќе длабоко спиеше. Ја покри со кебенцето и седна покрај неа на фотељата. На масичето стоеше отворен семејниот албум. Го зеде в раце и ги разлиста старите семејни фотографии, но она што и падна во очи беа неколкуте фотографии извадени од албумот. Ја праша Дијана што се случило со тие слики кога болничарката влезе во собата.

–       Јас ги извадив. Тоа беа слики од Софија, сестрата на доња Мерседес. Госпоѓата се вознемируваше секој пат кога ќе ги видеше. Не заборавјте дека Софија беше најдена мртва во оваа куќа.

–       Како можам да заборавам, – воздивна Агата.

 

 

Себастијан ја пресретна преплашената Мариса во холот на зградата. Ја зеде за рака, ја седна во фоајето и рече;

–       Кога тогаш ќе мораш да ми кажеш што знаеш. А подобро е да ми кажеш сега.

–       Немам сила да зборувам за тоа.

–       Обиди се да разбереш колку ми е важно да знам, – ја замоли Себастијан гледајки ја директно во очи.

–       Запознав едно момче се викаше Грегорио.

–       Грегорио? Презиме?

–       Грегорио Алкосер, – одговори Мариса.

–       Kaде го запозна? Кој ве запозна?

–       Никој, никој не не запозна. Го запознав еден ден во паркот. Јас бев излезена да го прошетам песот и тој беше таму. Седеше на една клупа. Почна да ми зборува и да ми дели комплименти. Беше неодолив. Сега сфаќам дека се било исценирано и лажно. Секој допир, секој подарок, секој повик…

 

 

По разговорот со Алекс, Луз се врати назад во станот. Стави замрзнати лазањи во микровалната, кога заѕвоне мобилниот телефон. Беше нејзината сестра со која се немаше слушнато по жолчната расправија тоа утро.

–       Здраво, Луз. Што правш?

–       Ништо посебно.

–       Луз, размислував и ти се извинувам за она што го кажав утрово. Имаше право. Јас не го познавам Алекс за да му судам. Размислив и дојдов до идеја да вечераме заедно. Што велиш? Вечерва, јас ти, Алекс и Мануел? Ќе подготвам нешто и ќе имаме можност сите да се запознаеме подобро.

–       Ок. Ми се допаѓа идејата.

–       Одлично, – ликуваше Каталина од другата страна на линијата.

 

 

Мариса повлече голтка од чашата со вода, ја спушти чашата на масичката и продолжи да ја раскажува својата несреќна приказна.

–       Полека почна да ме освојува и се вљубив во него. Постојано се гледавме во мојот стан и еден ден го прашав зошто не отидеме кај него. Ми рече дека е женет.

–       Типично, – се надоврза Себастијан, згрозен од приказната на младаа девојка. – Со што се занимаваше Грегорио?

–       Беше фотограф. Работеше приватно. Како што поминуваше времето почнав да се сомневам. Постојано имаше повици кој избегнуваше да ги води пред мене. Се распрашав за Грегорио Алкосер и дознав дека е мртов девет години. Еден ден, го слушнав како зборува по телефон. Јас се туширав и кога излегов од под туш, тој не знаеше…Зборуваше за некоја саботажа, за бомба која треба да се постави во летот на Игуана од Мадрид за Мексико Сити. Се преплашив. Не му кажав дека знам. Тоа беше последен пат кога го видов. Се отселив од станот во кој живеев и изнајмив нов. Така ја запознав Ана.

–       Навистина жалам поради љубовното разочарување кое си го имала. Но, ти се колнам во Лили, девојката која работеше како стјуардеса и почина тој кобен лет. Ти се колнам во нејзиниот спомен дека ќе го најдам тој човек Грегорио Алкосер. Што друго слушна?

–       Зборуваше со некоја жена со име Исадора…Наслушнав дека е гатачка. Не знам што точно зборуваа. Само знам дека се вика Исадора.

Себастијан го извади мобилниот телефон од џебот и во прелистувачот запиша Исадора, гатачка, Мексико Сити. Базата на податоци му извади оглас кој гласеше;

            Хинду гатачка. Предвидувања, гатање, бела магија и тарот. Исадора. Јави се веднаш. 553-1123.

 

 

 

Исадора го запали миризливотот стапче кога се огласи ѕвоното од вратата во нејзиниот апартман. Појде да отвори и низ дупчалката го забележа стариот познајник. Во станот влезе Алекс откако му ја отвори вратата.

–       Што сакаш?

–       Мирна. Дојдов во мир. Ти носам инструкции.

–       Ти? Ти само се закануваш. Друг ги дава инструкциите.

–       Исплашена си?

–       Немам зошто да бидам исплашена.

–       Секако дека немаш додека си ја вршиш работата како што треба, – додаде Алекс вадејки и пари. – Ние плаќаме редовно, Исадора. Преброј ги. Твои се. Сега слушни ме добро. Обрни ми внимание. Ова се новите инструкции.

 

 

Тоа претпладен, Агата имаше состанок со својот уредник. Стариот Гарсес се обидуваше да ја натера својата клиенкта да потпише нов договр за објавување на книга со агенцијата која нудеше многу пари.

–       Точно дека нудат повеќе пари, но тоа не ми е доволно, Ектор, – рече Агата, разлистувајки ги договорите.

–       Гледам дека не можам да те разубедам, како и обично. Но, овој пат би сакал да размислиш.

–       Дваесет пати го прочитав договорот и стојам зад тоа дека оваа издавачка куќа нема да биде потписник на мојот нов роман. Тоа е мојот последен одговор, – концизно додаде Агата.

–       Во тој случај…

–       Во тој случај, дозволи ми да те испратам до вратата…

–       Нема потреба, – нервозно рече уредникот, на кој му беше смачено од тврдоглавоста на неговата цената клиентка. – Знам како да излезам.

–       Како сакаш, – рече Агата подигнувајки ги рамењата.

–       Пријатен ден, – и посака уредникот, ја зеде својата актовка и ја напушти нејзината соба во куќата на Уриостеги.

–       Ах, таа жена, – вртеше со главата додека слегуваше по скалите на големата куќа, несвесен дека некој го следи. Чекорејки забележа шамивче во бела боја и клекна да го подигне.

 Во тој момент, една црна сенка која се рефлектираше на ѕидот, го турна силно по скалите. Стариот уредник и пријател на Агата немаше време да се задржи, па се затетераве и падна низ скалите удирајки ја главата.

 

 

Enseñame a Volar

Научиме да летам

#34то продолжение

 

 

            Со исчашено рамо, стариот уредник и пријател на Агата, седна на двоседот во дневната просторија во вилата на фамилијаа Уриостеги, откако некој мистериозно го турна по скалите на куќата.

–       Дали си добар?, – го праша Агата, откако слугинката Марта ја извести за несреќата.

–       Се чувствувам одлично.

–       Ма, како одлично? Одвај зборуваш, Ектор. Марта, донеси нешто силно за господинот.

–       Зарем не е подобро да донесам чаша вода, госпоѓо?

–       Не, не, – одбиваше Ектор.

–       Донеси му нешто силно реков, – инсистираше Агата. – Виски или коњак.

–       Ова беше мошне непријатно искуство, Агата, – и се обрти уредникот откако останаа сами во дневната просторија.

–       Добро, Ектор, не претервај. Ништо не скрши.

–       Работата е во тоа што не се препнав на скалите туку некој ме турна.

–       Не, не, не е можно.

–       Се колнам во мојата мајка.

–       Ектор, се познваме со години и знам дека правиш бура во чаша вода, но ова е претерано.

–       Сослушај ме. Се навалив да земам една шамивче. Шамивчето имаше изгравирано иницијали.

–       Тогаш каде е шамивчето?, – праша Агата кога Марта се врати со чаша коњак.

–       Не знам. Некој мора да го зел по мене.

–       И кој беа иницијалите?

–       СК.

–       Софија Куриел, – прошепоте Агата замислено.

 

 

Мануел држеше букет рози и шише црвено вино во едната рака, а со другата ја поправаше краватата, кога вратата од станот на Каталина ја отвои Алекс.

–       Ти мора да си Мануел. Јас сум Алекс, момчето на Луз. Мило ми е.

–       Здраво, – низ пријатна насмевка го пречека Луз, откако Мануел влезе во станот.

–       Каде е сестра ти?

–       Каталина слезе по некои намирници, но ќе се врати во секој момент. Раскомоти се. Јас веднаш се враќам, – додаде Луз и се упати кон бањата.

 

 

Рафаел стана од креветот и пријде до огледалото облекувајки ја белата кошула префрлена на наткасната во хотелската соба која често ја посетуваше со својата љубовница. преку огледалото го забележа погледот на Дијана.

–       Зошто така ме гледаш?, – ја праша.

–       Размислувам.

–       Исто и јас. Дијана, дојдов до заклучок дека можеби е најдобро да се разделиме. Мораш да ми веруваш дека ја донесов оваа одлука само за твое добро.

–       Не сакаш повеќе да бидеме заедно?,- го праша со кнедла во грлото. – Не смееше да ме оставиш, љубов моја!, – како попарена изрипа од креветот приоѓајки му, лепејки се за неговото цврсто тело. – Нема да ти го дозволам тоа. Ти си човекот на мојот живот. Ајде да побегнеме заедно. Некаде далеку каде што повеќе нема да бидеме љубовници.

–       Но, што зборуваш? Јас имам две ќерки а тука е и Мерседес.

–       Твоите ќерки се возрасни и можат да се грижат за Мерседес. Ајде да започнеме нов заеднички живот далеку од овде.

–       Не, тоа е лудост.

–       Секако дека не е. Размисли. И онака никој не те цени во компанијата.

–       Од каде ти го знаеш тоа?, – ја праша помалку луто.

–       Знаеш дека јас знам се. Ти ми кажуваш се кога водиме љубов. Ајде да побегнеме заедно, Рафаел.

–       Не можам, – додаде тој вртејки со главата.

 

 

Во полумрачната гостинска соба, Агата ги раслистуваше старите семејни албуми, кога влезе Марта носејки и шоља топло чоколадо.

–       Марта, знаеш ли дали е будна госпоѓа Мерседес?

–       Ма не, спие како заклана. Дијана и дава апчиња пед да излезе. Госпоѓо Агата, морам да бидам искрена со Вас. Во оваа куќа се случуваат чудни работи.

–       Какви?

–       Зарем не видовте што му се случи на вашиот уредник, господионот Гарсес? Еднаш госпоѓа Мерседес беше заклучена во својата соба и никој не може да објасни како, бидејки самата нема клуч да го направи тоа. На пример, ноќе слушам чекори на таванотод куќата.

–       Добро, Марта, тоа е нормално.

–       Не е нормално кога се работи за духови, госпоѓо.

–       Духови? Но, што зборуваш?

–       Како инаку да се објасни паранормалната појава на одредената сенка во куќава? Истата која го турна господинот Гарсес по скалите.

–       Марта, што е со собата на покојната госпоѓа Софија? Пред некој ден сакав да влеам да земам нешто, но беше заклучена.

–       А, да, заклучена е со  години. Никој не влегува внатре. Велат дека доња Мерседес наредила така. Сакала собата да остане недопрена, онаква каква што ја оставила нејзината сестра пред да почине.

 

 

Додека сестрите ја сервираа трпезата за вечера, Мануел и Алекс се апознаваа во дневната просторија покрај апетисани и чашка виски.

–       Велиш дека се занимаваш со фотографија? Каков тип на фотографија поточно?

–       За душа сакам уметничка фотографија но од неа не се живее, па повеќе работам на социјална, – одговори Алекс.

–       Те прашувам бидејки сакам да знам дали би се согласил да фоторафираш на мојата венчавка со Каталина?

–       Секако, би ми било чест. Кога е венчавката?

–       Не знам, – одговори Мануел. – Зависи од неа. Ката, Алекс овде го интересира кога е нашата венчавка?

–       За некое време, – одговори. – Да ја уредиме куќата прво.

 

 

Наредното утро, Фредо излезе мамурен од собата и приоѓајки до фрижидеот наиде на писменце од својот цимер.

“Излегов со Хисела. Ќе се видиме за кратко во хангарот.“

 

 

Во меѓувреме, во холот на клиниката која ги правеше резултатите за ДНК, Себастијан погледна во Хисела, во преубавото девојче со црвена коса и крупни костенливи очи. Ја зеде нејзината рака и рече.

–       Не сакам да се осеќаш вака. И реално, ова време кое го пројдовме заедно, не ме убедиш дека си онаа која велиш дека си. Моја ќерка. Жалам што ќе ти го кажам ова, но знам дека ќе те разочара сознанието. Но, ако сакаш јас сум тука да ти помогнам да го најдеш својот биолошки татко.

–       Себастијан Ламас, – одекна гласот на рецепционерката во болничкиот хол.

Себастијан пријде до пултот и го зеде в рака запечатеното плико. Го отовори. Немирните очи на Хисела не можеа да дочекаат да го види резултатот. Себастијан не можеше да поверува.

–       Ти реков дека си ми татко, – крикна девојчето и истрча од болничкиот хол.

Себастијан остана да стој уште некое време, занемено гледајки во резултатите кои го потврдуваа ДНК тестот дека тој е татко на малечката. Го стави писмото во џебот и потрча по неа. Ја најде во другиот хол, пријде до неа трчајки и ја зеде силно во прегратка, додека нејзините солзи ја топеа неговата кошула.

 

 

 

Кога Каталина се разбуди, нејзината сестра веќе појадуваше мусли во кујната. И посака добро утро и посегна по шоља црно кафе. Тоа беше првото нешто кое и требаше наутро. Силно кафе без шеќер ни млеко.

–       Добро утро. Замина Алекс?, – Каталина ја праша својата помала сестра, откако претходната вечер Алекс остана да спие по вечерата.

–       Да, мораше да работи. Сега сакам да бидеш искрена и да ми кажеш како ти се допадна?

–       Шармантен е, – одговори Каталина.

–       Ај, Ката не знаеш колку сум заљубена. Треперам покрај него секој пат кога ме допира. Никогаш не сум била вака заљубена.

–       Не знам, Луз, јас некако сум сеуште скептична, но ако така велиш.

–       Ката, имам прашање за тебе. Вети ми дека ќе ми ја кажеш вистината.

–       Добро, ти ветувам.

–       Уште ли мислиш на него?

–       На кого мислиш?, – праша Каталина давајки си време.

–       Вети дека ќе ми ја кажеш вистината. Дали уште си вљубена во Себастијан?

–       Да, мислам  на него…Но не знам дали сум вљубена. И те молам, не сакам сега да зборувам на таа тема.

Она што Луз и Каталина не беа свесни е дека нивниот разговор го преслушкуваше Алекс во својата мини галерија во својот стан, откако претходната вечер инсталираше звучна опрема за преслушкување во целиот стан на сестрите Уриостеги.

 

 

Рафаел само што заврши со појадокот во трпезаријата, кога влезе неговата сестра. Агата беше свесна дека темата за која сакаше да зборува не е најсоодветна за тој период од денот, но како и секогаш мораше да го сподели она што ја мачи.

–       Сакав да те прашам нешто. Зошто е заклучена собата на Софија?

–       Не знам. Тоа беше одлука на Мерседес и така остане.

–       Но, тоа е смешно. Софија се самоуби пред петнаесет години. Сакам да се отвори таа соба, да се проветри, да се отворат прозорите, да влезе сонце…

–       Да, но одбивам.

–       Зошто?

–       Бидејки…Бидејки јас сум виновен за таа смрт, – со грутка во грлото одговори Рафаел.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …