Почетна / Серии / Тажна вест | Почина Тони Сопрано

Тажна вест | Почина Тони Сопрано

 

Актерот Џејмс Гандолфини, познат како Тони Сопрано од мегапопуларната серија „The Sopranos“ почина во Италија на 51-та година од својот живот. Како причина за смртта се наведува срцев удар.

 

 

Актерот во Италија престојувал за да го посети 59-то издание на Филмскиот фестивал Таормина во Сицилија, кадешто требал да учествува на еден од настаните, заедно со италијанскиот режисер Габриеле Мучино.

Гандофини има освоено 3 Еми награди за главната улога во текот на шесте сезони на славната серија „The Sopranos”, според многумина една од најдобрите крими серии. Оваа серија во Македонија се емитуваше на А1 телевизија.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телма со емитување на биографската драма за „Брижит Бардо“

Биографска драмска серија во 6 епизоди што го следи подемот на Брижит Бардо – од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!