Почетна / Телевизија / Се најавува истрага на две српски телевизии

Се најавува истрага на две српски телевизии

Две телевизиски станици со национална фреквенција во Србија наскоро може да се најдат под сериозна истрага, пренесува порталот ТеВе. Според достапните информации, актуелната власт се интересира за сопственичката структура на двете телевизиски станици, односно се сомнева дека зад тие телевизии стои ист сопственик.

 

Исто така, порталот пренесува дека ќе се изврши истрага и врз улогата на Републичката радиодифузна агенција која, и покрај сомнежот одобрила промена на сопствеништвото иако постои основано сомневање дека е прекршен Законот за радиодифузија, со оглед на тоа дека дошло до недозволени медиумски концентрации.

Засега не се наведува за кои телевизии се работи, но многумина претпоставуваат дека тоа се Prva TV и B92, медиуми кој не се наклонети кон актуелната власт во Србија.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ΜΡΤ во 2024-та со најдобар финансиски резултат во последните години

Во 2024 година вкупните приходи на МРТ биле значително повисоки отколку во претходните години, согласно …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!