Почетна / Сапуници / Серија со Вилијам Леви пристигнува во Македонија

Серија со Вилијам Леви пристигнува во Македонија

 

Популарната латино-американска серија „La Tempestad“ во која главните улоги ги толкуваат Вилијам Леви и Химена Наварете е откупена и за теритоијата на Македонија. Сеуште не се знае официјално која телевизија ги има правата за оваа серија, но се шпекулира дека тоа е Алфа со оглед на тоа дека тие периодов откупија и други серии од шпанското говорно подрачје.

 

 

Се работи за серија римејк на приказната „La Tormenta“, којашто пред неколку години се емитуваше на Сител телевизија. Вилијам Леви за овој проект драстично го промени својот изглед. Од метросексуалец се претвори во маж со дивјачки изглед. Наскоро очекувајте повеќе детали и за оваа серија.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хрватските серии со нови сезони од септември на Нова и РТЛ

Од септември во прајмтајм на хрватските комерцијални телевизии продолжуваат нивните домашни вечерни сапуници. На Нова …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!