Филиз Ахмет, позната како Нигар Калфа од хит серијата „Величествениот“ е по потекло од Македонија. Таа често доаѓа во родното Скопје, а последен пат тука беше во месец јуни. Но, покрај пријателите и семејството, Филиз за Скопје ја врзува и нејзината љубов, пишува Хит портал.

Имено, на гостувањето во една телевизија, на прашање на водителот зошто не се омажила, таа признала дека веќе неколку години е вљубена во извесен Драган, но за жал несреќно. Драган е нејзин врсник и живее во Скопје. Турската актерка и македонското момче биле во врска која не успеала.
Крис Манев | ТВ Пакет
 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				