Почетна / Забава / Евровизија / Казахстан за прв пат ќе настапи на Евровизија 2026?

Казахстан за прв пат ќе настапи на Евровизија 2026?

Според главната казахстанска медиумска куќа „Кхабар агенција“, Казахстан веројатно ќе дебитира на Евровизија во 2026 година.
Кемелбек Оишбаев, претседател на одборот на агенцијата Кхабар, на објава на Инстаграм изјави дека присуствувал на Генералното собрание на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) минатата недела во седиштето на Би-Би-Си во Лондон.

Оишбаев известува дека учеството на Казахстан на натпреварот било дискутирано со генералниот директор на ЕБУ, Ноел Куран. Исто така, биле разгледани и други аргументи, како што се географијата, учеството на Детскиот натпревар за песна на Евровизија и зајакнувањето на врските со Европската Унија. Куран истакна дека прашањето ќе биде покренато на следниот состанок на ЕБУ. Казахстан покажа интерес за натпреварот за песна на Евровизија од 2010-тите, а казахстанските радиодифузери го емитуваат натпреварот речиси секоја година од 2010 година.

Извештаите за потенцијално појавување на Казахстан на натпреварот првпат се појавија во 2015 година кога беше објавено дека агенцијата Кхабар добила придружно членство во Европската радиодифузна унија (ЕБУ), а делегација од Казахстан беше присутна на 60-тиот натпревар за песна на Евровизија во Виена, Австрија.
За Казахстан да учествува на Евровизискиот натпревар, Агенцијата Кхбар ќе треба да биде поканета од Референтната група на Евровизискиот натпревар за учество. Ова се случило само еднаш во историјата на натпреварот, кога австралискиот радиодифузер SBS беше поканет да се натпреварува во 2015 година и продолжува да учествува до денес.

Додека некои земји како Казакстан и Косово со години чекаат да бидат примени, Македонија четврта година по ред не покажува интерес за најгледаниот музички спектакл. Од МРТ нема никакви најави за враќање по паузата од три години, иако секоја година учествуваме на јуниорската Евровизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Првата избрана песна за Евровизија 2025 е на македонски автор

Иако Македонија трета година по ред нема да учествува на Евровизија, нашите композитори пишуваат за …

error: Содржината е заштитена!