Почетна / МК Сцена / Јоце Панов сними спот за „Љубовна религија“

Јоце Панов сними спот за „Љубовна религија“

 

Поп пејачот Јоце Панов сними видео запис за песната Љубовна религија на најубавите локации кои природата и ги подарила на Македонија. Видео записот се снимаше седум дена под режисерската палка на Дарио Јанковиќ, а промоцијата ќе ја доживее во Струмица, на начин кој е веќе заштитен знак за пејачот.

 

„Некои медиуми објавија дека сум разочаран од Македонија, но јас лично не се сеќавам дека некој викенд сум седел дома, настапи имам редовно и сум презадоволен од македонската публика која на настапите ги пее моите песни заедно со мене. Мојата публика ме прави најсреќен, колку и денот да ми е лош, јас на сцена излегувам насмеан и среќен, живеам за нив“, вели Јоце Панов.

 

 

Менаџерскиот тим веќе ја подготвува и новата веб-страница која ќе се разликува од другите по тоа што во неа ќе биде инсталиран Прес Центар што редовно ќе се ажурира, а фановите ќе можат на едно место да пронајдат се што ги интересира, но за тоа – потоа. Додека го чекаме новото видео, погледнете го последниот видео запис на Јоце Панов за песната Око мое зелено.

 

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Лила ја запеа нејзината прва песна во дует со млад пејач

– Малечок бев кога оваа песна беше хит! Денес, ја имав таа чест да ја …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!