Почетна / Забава / Евровизија / Шпанија на Евровизија

Шпанија на Евровизија

21/43

 ШПАНИЈА

Изведувач: Pastora Soler
Песна: ‘Quedate conmigo’
Финале (26/05/2012)

 

Во последниве неколку години може да забележиме дека земјите од Големата петорка навистина се трудат да испраќаат квалитетни песни, и со тоа да ја оправдаат привилегијата што одат директно во финале. За разлика од минатата година кога имаа евтина шпанска песна, годинава ја праќаат Пастора Солер и нејзиниот моќен глас, исполнувајќи ја, според мене, најдобрата балада на годинешниов избор. Quedate conmigo, компонирана од Thomas G:son, кој зад себе има долгогодишно Евровизиско искуство, се натпреваруваше меѓу три песни кои ги изведе Пастора на 3-ти март. Таа беше интерно одбрана на 21-ви декември, додека песните се појавија на интернет на 28-ми февруари. Беа претставени четири песни, од кои една влезе во финалниот избор преку онлајн гласање, а другите две од страна на жири. Сепак, одлуката падна таа да ја претставува Шпанија со најдобрата песна! Браво, ова за мене оди во ТОП 5, доколку навистина биде фер гласањето.

 


Резултати од националното финале:

01 – 72 – Pastora Soler – Quédate conmigo
02 – 56 – Pastora Soler – Tu vida es tu vida
03 – 52 – Pastora Soler – Ahora o nunca

 

 

 

DarskShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …