Почетна / Забава / Шакира себеси се спореди со Александар Македонски

Шакира себеси се спореди со Александар Македонски

 

Музичкото шоу „Тhe Voice“ веќе шеста сезона со голем успех се прикажува во Америка, а во најновата сезона која почна неодамна да се прикажува на американскиот канал NBC, една од членовите на жирито е и латино пејачката Шакира. Освен Шакира, дел од ова шоу како судии се и Adam Levine, Christina Aguilera, Blake Shelton, Cee Lo Green, Usher.

 

 

Во последната емисија одржана во понеделникот на 3. март, кога дојде редот Шакира да го даде мислењето за талентката Клариса Срна, таа рече:

– “Во историјата тактиките никогаш не довеле до победа. Само стратегиите се тие што довеле до победа во војните. Од една страна е Ханибал, кој бил голем тактичар но никогаш не победил. Победникот во историјата е Александар Македонски затоа што бил голем стратег. Затоа ти одлучи дали ќе завршиш како Ханибал или како Александар Македонски”. На крајот на коментарот, Шакира се спореди со Александар Македонски затоа што секогаш имала одлични стратегии.
 
Во следниот линк ви го претставуваме целото видео, од 3:35 минута започнува коментарот на Шакира.

ВИДЕО

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На овие места може да набавите влезници за концертот на Ерос

Резервирајте ги вашите омилени места во А1 Арената и спремете се за одлично италијанско шоу …