Почетна / Вебновела / Црвена месечина 109

Црвена месечина 109

Сто и деветто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”

 

 

– Молина ти го кажа тоа?, – Фабијан ја праша Естер, откако таа ги сподели сомнежите на Алехандро со својот брат.
– Да, дека нашиот соучесник не предава.
– И се однесуваше на Артемио?
– Секако дека се однесуваше на Артемио, на кој друг?
– Алехандро е мудар, Естер. Можеби ти го кажал тоа за да види како ќе реагираш, дали ќе може да извлече нешто од тебе.
– Верувај дека не е така. Мораме да зборуваме со Артемио, Фабијан. Мораме да играме со отворени карти. Не заборавај на доказите кои ги најдовме во неговиот апартман. Оние кои ги чувал за да не обвини.
– Да не избрзуваме, Естер. Прво морам да зборувам со Молина да видам што има тој да каже. Или подобро, искористи ги своите атрибути и пробај да извлечеш нешто повеќе од Молина.
– Сакаш да кажеш дека сум курва?, – избувна Естер.
– Кога можеше да спиеш со Гаспар за да извлечеш информации, не гледам зошто не би го сторила тоа со Молина?!

Додека Дијана чекаше да се врати Клеменсија од кујната, во дневната просторија влезе Алехандро и ја поздрави.
– Здраво, – му возврати таа и го прегрна. – Карлос замина од Сан Кристобал и ме задолжи да ти ги вратам парите.
– Зборуваше ли со Клеменсија за терапијата на Марија Клара?
– Да. Не е нешто воодушевена, но рече дека ќе размисли. Но, можно е самата Марија Клара да одбие.
– Зошто?
– Мислам дека повеќе нема доверба во мене откако се случи тоа меѓу вас двајцата.
– Да одиме во мојата соба. Сакам насамо да зборувам со тебе. Бев да зборувам со Матилде.
– И што ти рече?

Марија Клара стоеше пред прагот на влезната врата од пансионот, кога вратата ја отвори Лоренсо. Бидејки за неа беше непознат, љубезно праша:
– Добар ден, дома ли е Матилде?
– Не, излезе со нејзината мајка, – одговори Лоренсо. – Но, ако сакате можете да ја почекате, рекоа дека ќе се вратат брзо.
Марија Клара благо се насмевна и ја прифати понудата.

Алехандро ги сподели своите сомнежи со Дијана, откако влегоа во неговата соба на хациендата.
– Затоа мислам дека Артемио ја има силувано како мала.
– Не мора да значи. Секој кој имал пристап кон куќата можел да го стори тоа, – рече Дијана.
– Речиси сум сигурен дека бил тој. Помнам дека еднаш и ветил на Марија Клара да му се обрати ако има проблеми со мажот.
– Сакав да ја предупредам Клемеснија за Артемио. Не поради ова, туку поради твоите сомнежи, но ми рече дека тој е човек во кога има комплетна доверба.
– Доверба?, – цинично праша Алехандро. – Сношти се видов со сестрата од Црвениот Крст. И знаеш што дознав? Дека во болницата бил Артемио и се претставил како Фабијан.
– Со која цел?, – праша Дијана.
– Очигледно е дека го подготвува теренот за да го обвини Монтеро. И кажав и на Естер.
– Зошто?
– Бидејки мораме да ги провоцираме. Нешто мора да се случи за да се разјадат меѓу себе.

За време на ручекот, откако слугинката ја постави масата, Фабијан ја праша својата сестра зошто хациендата му е толку многу важна на Артемио.
– Она што јас го знам е дека има потпишано договор со многу моќна компанија од САД. Компанија која работи со токсичен отпад. Но, во последно време се сомневам дека е тоа. Се повеќе сум сигурна дека Артемио не лаже. Дека зад неговиот мастер план се крие нешто многу овеќе. Фабијан, дали некогаш си слушнал нешто дека на хациендата е закопано некое богатсво?
– Од каде сега ова Естер?
– Не ми обрнувај внимание. Само озборувања од селото, ништо потврдено.

Во собата на хациендата, продолжи разговорот помеѓу Алехандро и Дијана.
– Она што ме интересира е каква е целта на Артемио во сето ова?, – праша Алехандро.
– Да остане со делот на Лорена, – одговори Дијана.
– Не, не верувам дека Клеменсија ќе му го даде тој дел. Размислував и сигурен сум дека се работи за нешто големо, Дијана. Нешто што прави Артемио толку да ја сака хациендата.

Магнолија веќе го пиеше вториот аперитив додека го чекаше Артемио во ресторанот каде што беа договорени за ручек. Кога тој пристигна, се извини за доцнењето и седна до неа на масата.
– Како си?, – го праша таа.
– Како и секогаш. Што има ново на хациендата?
– Многу новости..
– Какви новости?, – ја праша.
– Прво, Алехандро Молина нема никакви долгови кон правдата. А потоа излезе дека Марија Клара е бремена.
– Бремена од тој човек?, – се разбесна Артемио.
– Така мислевме на почетокот. Но се испостави дека детето кое таа го чека е од Фабијан.
– И што вели Фабијан?
– Кутриот е во страв. Бидејки сега знае дека Алехандро никогаш не бил заведен како затвореник на Островот, стравува дека може вината да падне врз него. Биди искрен и кажи ми, Артемио. Идејата беше твоја, нели?
– Од каде сега тоа?
– Фабијан ми кажа, – одговори таа. – Јас не сум поврзан со тоа.
– Фабијан ми кажа дека си заинтересиран за делот кој мојот вујко и го остави на Фернанда. Но, те молам не му кажувај на Фабијан дека сум ти кажала. Она што мене ме интересира е зошто Ла Луна? Ти си моќен човек кој може да го купи секое парче земја кое ќе го посака? Зошто баш таа стара хациенда?
– Хир од минатото, да речеме.
– Или нешто многу повеќе?!, – мистериозно го праша Естер.
– Не знам за што зборуваш.
– Верувам дека си слушнал за рубинот наречен Црвена Месечина, она парче непроценливо богатство кое се наоѓа закопано на Ла Луна.
– Што знаеш ти за тоа?, – заинтересирано ја праша Артемио.
– Кога бев мала, ги слушнав тетка Клеменсија и вујко Родолфо како зборуваат за тоа. За скапоцениот камен кој не смее да биде изнесен од хациендата. Љубопитна, по природа почнав да пребарувам и најдов таен отвор.
– Слушам, – внимателно рече Артемио.
– Дојди вечер на полоќ, ќе те чекам на хациендата. Понеси светлосни батерии со себе. Ќе те одведам до богатсвото, – додаде таа низ насмевка.

Клеменсија, Алехандро и Дијана седеа на пространата трпеза чекајки послугата да го постави ручекот, кога Алтаграсија ги извести дека Фабијан се јавил дека ќе руча кај Естер, и дека Марија Клара сеуште не е вратена од селото.
– Во ред, Алтаграсија, можеш да послужиш за мене и гостите, – Клеменсија и даде одобрување.
Слугинката се повлече кон кујната.
– Госпоѓице Клеменсија, смеам ли да ве прашам нешто?, – ја праша Алехандро. – Имате ли некаков пристап до сметките на Марија Клара и нејзината сестра?
– Порано имав, но откако Марија Клара се омажи, сите евиденции ги води Фабијан, со помош на администраторот Фернандез.
– Би сакал да договорам средба со него, – рече Алехандро. – Можам ли да го добијам неговиот телефоснки број?
– Секако. Ќе го добиеш по ручекот.

Разговорот продолжи за време на ручекот помеѓу Магнолија и Артемио во ресторанот.
– Фабијан беше и секогаш ќе остане никој и ништо, – рече Артемио. – Како адвокат никогаш не постигнал ништо. Во бракот со Марија Клара исто. Тој човек е роден за фијаско, затоа и е толку искомплексиран.
– Слушнав дека ќе се разведат кога ќе се роди детето, – спомна Магнолија. – Мојата тетка му вети дека ќе му даде половина од парите на Марија Клара. Тетка ми не сака повеќе странци во куќата. Мислам дека никогаш повеќе нема да дозволи да се омажи Марија Клара. Кога сме кај Фабијан, ми кажа во доверба дека ако Молина го пријава за убиството на Лорена, тогаш тој ќе те наклевети тебе.
– И зошто ми го кажуваш сето ова?, – ја праша.
– Бидејки ме фасцинираш како маж. Се надевам дека ќе знаеш како да ми вратиш за се што правам за тебе.
– Ти благодарам.
– Има уште нешто што не знаеш. Пред некое време го наслушнав рзговорот помеѓу Марија Клара и Алехандро. Изгледа сфатила дека тој никогаш не ја сакал. Освен тоа, Фабијан му се закни на Алехандро дека ќе и каже на Марија Клара за тоа што и се случило како девојче.
– Што и се случило?, – праша Артемио.
– Ја силувале.
– Кој ти кажа? Клемеснија?
– Ти знаеше?, – Магнолија го праша изненадено.
– Да, дон Родолфо ми кажа пред многу години. Но, кој ја силувал?!

Продолжува…

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …