Почетна / Вебновела / Црвена месечина 103

Црвена месечина 103

 

 

Сто и трето продолжение од вебновелата “Црвена месечина”

 

 

Висента работеше на ручекот кој го спремаше за своите гости, и ја погледнуваш теленовелата на телевизорчето во кујната, кога влезе Матилде.
– Пред малку се јави татко ми. Рече дека ми пратил букет. Букет кој никогаш не го добив.
– Значи сега ти е татко?, – горчливо ја праша Висента. – Да, ти прати букет, доста скап букет од рози за да ти нагласи дека има пари. Но, го фрлив. Задоволна?!
– Не. Не сум задоволна бидејки требало д ми кажеш, мамо.

Епигменио ја допушуваше својата цигара на тремот, кога заѕвоне неговиот мобилен телефон. Беше Естер.
– Што можам да сторам за вас, госпоѓице Монтеро?, – ја праша.
– Епигменио, потребна ми е голема услуга од тебе. Голема услуга, – му нагласи.
– Кажете.
– Сакам да ја пребараш собата на Алехандро. Потребно ми е да го најдеш неговиот лаптоп.

Бенигно и го позајми својот мобилен телефон на Аурора за да го контактира Алехандро, чиј телефонски број го најде меѓу неговите работи уште во времето кога тој лежеше во болница.
– Ало?! Погоди кој е.
– Немам ни идеја, – рече Алехандро, од другата страна на линијата.
– Овде Аурора. Аурора Ависија, медицинската сестра која ти помогна кога лежеше во Црвениот крст.
– А, да. Како си, Аурора?
– Одлично. На минување сум во Сан Кристобал и би сакала да те поздравам.
– Секако.
– Може ли ова попладне?
– Каде?
– Во кафетеријата, овде на плоштадот.
– Договорено. Се гледаме во шест, – рече Алехандро и го прекина разговорот. Погленда пред себе. Фабијан трпеливо чекаше да го заврши разговорот, додека палеше нова цигара.
– До каде застанавме?, – праша Алехандро.
– Рече дека сакаш да зборуваш за Марија Клара и детето кое го чека. Kако што можеш да претпоставиш, ова е доста незгодна ситуација за мене.
– Да, претпоставувам, – се согласи Алехабдро.
– Исто и навредливо за мене како личност, – додаде Фабијан. – Не мислиш дека треба да ми се извиниш?
– На тебе? Ти си тој кој треба да и се извини на Марија Клара. Ти си оној кој ја користеше сето ова време, ја користеше во секоја смисла. Но, подобро да зборуваме за она за кое дојдов. За разводот. Поднесе барање?
– Требаше да поднесам, но сега нештата се сменија.
– Не гледам како.
– Марија Клара тврди дека е бремена два месеци. Тоа значи дека детето може да биде и мое.
– Да речеме дека е така, во секој случај таа сака да се разведе.
– Во таквите случаеви, законот…
– Не ми зборувај за законот, Фабијан. Многу бремени жени се разведуваат.
– Точно, но не и кога постои сомнеж кој е таткото. Ако детето е мое, ти и Марија Клара можете да заборавите на тој развод. Освен тоа, добро знаеш дека Марија Клара е ретаридрана. Психички пореметена. И не знам дали знаеш, но ако детето е твое и дојде до развод, свесен си дека никогаш нема да можеш да се ожениш со неа? Нашата црква не дозволува брак помеѓу прељубници. Освен тоа, тоа ќе биде мојот реванш кон тебе. Сето ова време ме напаѓаше за нешто што не сум го сторил. Јас ти враќам со тоа што нема да ја добиеш Марија Клара.
Ваквата цинична забелешка му падна смешна на Алехандро, па рече:
– Ако заборавам на смртта на Лорена, ако заборавам што се случи на Островот и на чудното исчезнување на Гаспар, ќе и дадеш ли развод на Марија Клара?
– Сметам дека тоа е праведен договор, – без сомнеж одговори Фабијан.
– Во мојата работа сум запознал многу луѓе, бесрамници, луѓе без морал, нечовечни, но никогаш не сум сренал некој толку достоен за презир како тебе. Во ред, Фабијан, го прифаќам договорот. Се откажувам од идејата да те сместам зад решетки. Затоа сега можеш да го покажеш твоето право лице на хипокрит. Го сакам моето наследство и не сакам да фали ни цент. Дали сум јасен?!

Матилде беше изненадена кога на вратата од пансионот го здогледа Артемио. Тој побара да влезе и таа му ја отвори вратата од својот дом.
– Се јавив во цвеќарата и ми рекоа дека го доставиле букетот. Претпоставувам дека Висетнта не ти кажала.
Нејзиниот молк му кажуваше доволно.
– Нека не ти биде непријатно, – додаде.- Те разбирам. Не знам зошто таа жена мисли дека сакам да те украдам од неа. Сметам дека во твоето срце има место за двајцата. Нејзе како мајка а мене како татко.
– Јас не ве ни познавам добро…Освен тоа знам некои работи кои…
– Да, знам. И затоа сум тука. Би сакал да зборуваме за тоа.

Епигменио влезе во собата на Алехандро и почна да пребарува насекаде, но немаше ни трага од лаптопот кој го бараше Естер. Но, сосема случајно во плакарот најде нешто интересно, кое го зеде со себе пред да ја напушти собата.

Откако доби повик од Алехандро дека сакат да се видат, Дијана го чекаше во кафулето на плоштадот.
– Кажи ми, што се случило?, – го праша откако дојде.
– Марија Клара чека дете од Фабијан, – одговори Алехандро.
– А ти рече дека е твое?
– Да, – потврди тој.
– И ти се согласи да ја играш таа игра до крај?
– Секако. Знаеш дека немам предсрасуди во тој смисол.
– Не се сомневам, но ова е поинаку. Татко на тоа дете е човекот кој ја уби Лорена, човекот кој сакаше да те убие и тебе.
– Детето не е виновно за ништо, Дијана. Освен тоа, на него не гледам како дете на Фабијан, туку како дете на Марија Клара и тоа е важно.

Фабијан не можеше комплетно да и се посвети на работата во канцеларијата тоа попладне. Беше крајно декоцентриран поради разговорот со Алехандро и посегна по чашката пијалок со цел да ја поврати концентрацијата, кога во просторијата влезе Естер.
– Естер, навистина немам време за што и да си дојдена.
– Здраво и на тебе, брате, – му дофрли цинично. – Но не дојдов за да зборувам со тебе. Дома е Алехандро?
– Мислам дека излезе.
– Одлично.
– Што е одлично во тоа?
– Ќе зборуваме подоцна, – рече таа и ја напушти канцеларијата.
Помина низ ходникот кон салонот каде што Алтаграсија чистеше со правосмукалка. Вревата од машината и дојде добро за никој да не ја забележи. Се упати по скалите кон спалните соби. Кога влезе во гостинската соба каде што престојуваше Алехандро ја затвори вратата зад себе и почна да пребарува низ собата. По неупсешната потрага во плакарот, полиците и фиоките го најде бараниот лаптоп во неговиот неотпакуван куфер под креветот. Го стави компјутерот меѓу своите нозе но не успеа така лесно да влезе до податоците бидејки и бараше лозинка. Се обиде со неколку, но залудно…Но откако го напиша името на Марија Клара во форма на пасворд, машината и дозволи да влезе во базата за податоци. На портот од десната страна закачи УСБ. Во документите побара нешто интересно, но не успеа да го најде саканото, се додека не наиде на еден документ напишан во ворд кој го носеше името Ла Луна. Го префрли документот на УСБ стикот, го исклучи копмпјутерот го врати онаму каде што го најде и внимателно ја напушти собата.

Откако Матилде ја прифати понудата за разговор од Артемио, тој ја понесе на ручек во хотелот. Откако беа послужени, тој се обиде да го оправда својот акт со сликата, поради кој Матилде беше отпуштена од работа.
– Да, вистина е дека оној ден бев по таа фотографија без да знае Фабијан. Сакав да го најдам Алехандро Молина бидејки Естер ми кажа некои работи за него, дека убил жена…
– Тоа не е вистина, – рече Матилде.
– Добро, така ми кажаа. Ми кажаа дека е бегалец од затвор. Секако, бидејки јас знаев дека тој човек е вдовецот на Лорена и дека има право од наследството на дон Родолфо, сакав да го најдам за да го пријавам во полиција.
– Но, тоа не е ваша работа…
– Ќерко, верувај дека имам голема причина за тоа. Јас со години работев за Родолфо Валенсија и иако бев само негов работник, дон Родолфо имаше комплетна доверба во мене. Ја познавам Марија Клара од бебе и секогаш ми беше драга. Често пати ја затекнував сама дома, бидејки дон Родолфо беше постојано зафатен а Клеменсија во тоа време се бавеше со добротворни цели. Можев со часови да зборувам со Марија Клара. Во нејзиниот говор забележав нешто различно, како некое пореметување, но тоа ја праваше посебна. Ја гледав како моја ќерка. Затоа кога дознав дека тој човек е близу, почнав да стравувам за Марија Клара.
– Разбирам, но Алехандро не е убиец. Како што гледате, на слобода е.
– Ме радува што е така. Она што не ми се допаѓа е што Алехандро ме обвинува за смртта не наговата сопруга. Зошто би сакал да ја убијам таа девојка? Поради наследството? Мене не ми се потребни пари. Да му помогнам на Фабијан? Не сум луд.
– Имате право…
– Ти се допадна ручекот?, – ја праша откако девојката заврши со јадењето.
– Да беше вкусно.
– Не можам да поверувам дека седиме на иста маса, јас и ти, зборуваме и ручаме како вистински татко и ќерка.

Алехандро ја допрати Дијана до хотелот кога во лобито наиде на Естер, која воздивна што тој уште не е вратен на хациендата.
– Здраво, – го поздарви држејки ја цврсто торбата како да стравуваше дека тој можеби знае дека таа има нешто негово со себе.
– Здраво, Естер. Како си?
– Загрижена сум. Има нешто ново за Гаспар? Карлос вели дека е загубена секоја трага.
– Ти беше последната која го виде?
– Да. Ми кажа дека сака да се врати во Гвадалахара.
– Изгледа дека купил билет за Акапулко, но никој не го видел. Можеби некој намерно го зел билетот.
– Со каква цел?, – праша Естер.
– Да не тргне од вистинската трага.

Дијана излезе од лифтот на катот каде што беше нејзината соба, кога во ходникот наиде на Карлос.
– Зборуваше со Алехандро?, – ја праша.
– Да. Фабијан ќе и даде развод на Марија Клара и ќе се омажи со Алехандро.
– Тоа значи дека детето е негово?, – праша тој.
– Не е. Детето кое го чека Марија Клара е на Фабијан.

Продолжува…

 

Утре во “Црвена месечина”, најдраматичниот пресврт на приказната. Време кога маските ќе паднат и месечевата светлина ќе го осветли лицето на убиецот. Не пропуштајте го продолжението кое нема да ве остави рамнодушни. Утре во 20:00 часот “Црвена Месечина” на ТВ-пакет.

 

 

LucasScott | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!