Почетна / Живот / Хранлива опција од Хербалајф како замена за нездравиот оброк

Хранлива опција од Хербалајф како замена за нездравиот оброк

 

Како одговор на потребата за постигнување на балансирана исхрана, Хербалајф го овозможува совршеното решение во форма на вкусен, здрав оброк, кој го обезбедува организмот со најважните витамини и минерали, шејкот Формула 1.

 

Формула 1 шејкот е замена за оброк и досега им има помогнато на луѓе низ целиот свет да ја постигнат својата балансирана дневна исхрана и посакуваната цел. Преку промена на дневните навики и прехранбената рутина, особено за појадокот, секој може да се храни здраво, додека истовремено штеди на калории, преку намалување на нивното внесување и постигнување на балансирана исхрана.

 „Ние во Хербајалф веруваме во важноста на балансирана исхрана, како и дека персонализираната исхрана води кон здрав и активен начин на живот. Здравиот живот со Хербалајф подразбира 80% исхрана, 20% вежби = живеење на животот со полн капацитет. Преку нашата програма, базирана на научен пристап, студии и истражувања, ние постојано советуваме и нудиме решенија за здрав и активен начин на живот. Ова значи придржување кон правилото да се започне денот со хранлив појадок, да се има балансирана исхрана во текот на денот, каде сите типови на потребни хранливи материи на дневно ниво се присутни, како и да се има физичка активност”, изјави Нина Себечиќ Црнолатац, Директор за Југоисточна Европа во Хербалајф.

 Еден од првите чекори, кој треба да ги направи секој кој верува и се стреми кон балансирана исхрана со сите потребни хранливи материи, е да ги замени нутритивно несоодветните појадоци, кои изобилуваат со празни калории, со побалансиран и поздрав оброк. На пример, може да се замени појадокот со бурек, кој содржи повеќе од 930 калории, сендвич, кој содржи 732 калории, или пак кафе и печиво, кои содржат повеќе од 612 калории, со Формула 1 шејкот, кој е практична здрава алтернатива на висококалоричниот појадок и содржи само 220 калории. Со оваа замена, може да се започне и достигне квалитетната исхрана, може да се внесат најважните витамини и минерали и дополнително, преку практикување на физичка активност може да се достигне здрав начин на живот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

АВМУ со реакција на изјавата на премиерот Зоран Заев

Aгенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува денешната изјава на премиерот Зоран …