Почетна / Серии / Француска серија од Сител, репризно на локалните телевизии

Француска серија од Сител, репризно на локалните телевизии

 

По Телма, и локалните телевизии ќе репризираат серија од Сител

 

 

Ова лето на локалните телевизии ширум земјава ќе се емитува француската тинејџерска драма “Љубов на распуст”. Всушност, се работи за веќе емитувана серија во Македонија и тоа ланското лето на Сител телевизија под името “Летна љубов”. Во скопскиот регион, серијата ќе се емитува на Скај Нет телевизија, од понеделник до петок во 19:15. Во продолжение ве потсетуваме на содржината :

 

 

Алекс, Матео и Пјер се тројца другари кои летниот одмор го поминуваат на еден остров. Нивниот одмор се состои од лежење на плажа, сончање, журкање на плажа, заведување убави девојки и лудување. Нивниот одмор го одбележува доаѓањето на Дафне и Синтија, две братучетки кои се дојдени на одмор на островот. Нивната убавина ги привлекува тројцата другари, па така Пјер се заљубува во Дафне. Но работите се комплицираат, затоа што таа се вљубува во неговиот полубрат Стефан. Од друга страна, Синтија не може да се одлучи меѓу Алекс и Матео, но на крајот сепак го бира Алекс.

 


 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Катуранди“ повторно на МТВ 1 – петто емитување на иста серија

Италијанската крими серија “Катуранди” репризно на МТВ 1, од понеделник до четврток по 21.30 часот. …