Почетна / Забава / Евровизија / Финска на Евровизија

Финска на Евровизија

31/43

 ФИНСКА

Изведувач: Pernila Karlson
Песна: ‘När jag blundar’
1 Полуфинале (22/05/2012)

 

Покрај латвискиот и литванскиот избор, во низата на уште едни досадни избори го ставам и финскиот. Земја која ретко ме воодушевува со изборот на песни што ги одбираат. Минатата година имаа среќа со баладата Da da dam, но не верувам дека и годинава ќе имаат еднакви шанси за влез во финале со слична песна. На нивното национално финале кое се оддржа на 25-ти февруари беа изведени шест песни од кои само три се пласираа во Големото финале каде што победата ја однесе Пернила Карлсон со песната „Кога ќе ги затворам очите“. Кладилниците ја ставаат на границата за влез во финале, што е и нормално покрај така навистина слабо полуфинале, но сепак пресудниот момент ќе биде изведбата. Ова е песна чии шанси за влез во финале се навистина 50-50, останува да видиме во мај, а дотогаш преслушајте ја и оценете ја песната.

 

 

 Резултати од национално финале:

01 – 29,8% / 53,4% – Pernilla Karlsson – När jag blundar
02 – XX / 28,7% – Ville Eetvartti – Lasikaupunki
03 – XX / 17,8% – Stig – Laululeija

 

 

 

DarkShadow | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради нашето неучество, наши автори и на српскиот избор за Евровизија

Поради откажувањето две години по ред на МРТ од Евровизија нашите композитори својата среќа ја …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!