Почетна / Сапуници / Фериде и Берин во новата турска серија „Мајка“

Фериде и Берин во новата турска серија „Мајка“

 

Доколку ја погледнавте новата најава за серијата „Мајка“ на Сител, сигурно забележавте повеќе познати турски ликови. Меѓу другите, тука се Фериде од „Зет домазет“ и Берин од „Бурни времиња“. Едната ќе ја толкува мајката, а другата нејзината ќерка. Се работи за исклучително потресна драма што никого нема да остави рамнодушен. „Мајка“ е уникатна и тажна приказна којашто наскоро ќе ги освои срцата на гледачите.

 

 

Што се случува кога сте приморани животот на сопствената ќерка да го замените за живот на четири за вас непознати млади луѓе?

Гузиде, сопственичка на мал хотел во Истанбул, oстанува без својата ќерка единица Бахар, откако е убиена од непознат човек на влезот во хотелот. Мајката Гузиде нема време да ја разреши мистеријата за смртта на својата ќерка, па затоа брзо мора да донесе пресудна одлука. Одлучува органите на својата ќерка да ги дарува на четири млади луѓе на кои животот им виси на конец. По трансплатацијата, таа на необичен начин се приврзува кон нив четворица и преку нив продолжува да го слуша чукањето на срцето на својата ќерка која никогаш не може да ја преболи.

 

 

Улоги: Tern Yavrucu, Altan Erkekli, Ozlem Conker, Tarig Unduz, Burak Onal, Gulden Dudarik. Nurcan Eren…

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Книгата за „Девојката од прозорецот” сега преведена и на македонски

Ги познаваме по очите луѓето што повторно ќе ни предизвикаат болка доживеана во детството, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!