Почетна / Сапуници / Факти: Посилни од судбината

Факти: Посилни од судбината

 

 

Она што не го знаете за теленовелата “Contra viento y marea”


 

Римејк на теленовелата La Loba Herida, снимена во Венецуела во 1992-та година. На Фернандо Колунга му беше понудена главна улога во теленовелата, но актерот ја одбил истата. Освен Марлене Фавела, како протагонистка се споменуваше името и на Арасели Арамбула. Пејачот Хосе Луис Родригез Пума, се споменуваше како еден од главните актери. Но пејачот одби излет во светот на теленовелите.

 

На Даниела Ромо и беше понудена улога во теленовелата, но поради музичката кариера, актерката ја одби улогата. Исто така и Летисија Калдерон одбила да настапува поради бременоста. Теленовелата е снимена на преубавите плажи во областа Колима, во самиот проект се вложени 3,5 милиони пезоси и важи за една од највисокобуџетните теленовели за таа година. Снимени се 4,749 сцени од кои 2,165 се снимени на отворено, а 2,548 се снимени во студијата на Телевиса. Користени се 190 различни сетови. Повеќе од 300 актери и статисти учествувале во снимањето.

 

Во Грција теленовелата е прикажана во 2007-та година, но била укината, за две години подоцна да биде пуштена одново во етер. Теленовелата достигна невиден успех, а беше преведена како Pentamorfi (Најубавата). Ова е второ заедничко појавување во теленовела на актерите Себастијан Рули и Марлене Фавела кои претходно глумеа споредни но значајни улоги во Руби.

 

Кика Едгар одела на специјални часови за дикција и говор за подостојно да ја одглуми циганката Луна. Во првата верзија на теленовелата, улогата на Кика Едгар ја глумела Астрид Каролине Ерера (La Mujer de Judas). Последна улога на актерката Беатриз Шеридан, која ја глумеше Карлота. Беатриз на македонската публика и е позната по улогите во Alondra и Amor Real. Покрај актерка, Беатриз беше и успешна режисерка (Maria Mercedes, La Usurpadora). Актерката починала од срцев удар во 2006-та година. За време на снимањето Марлене Фавела колабирала од стрес и била префрлена во болница. На Кика Едгар исто така и се слошило за време на снимањето поради премалкуте килограми, па веднаш излегле гласини дека актерката боледува од анорексија. Насловната нумера ја отпеа групата Intocable и стана голем летен хит ширум светот.

 

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гледачите на „Женски рај“ зачудени – ТВ 24 и по втор пат ја укина серијата

ТВ 24 од денес нема да ја емитува италијанската сапунска драма “Женски рај” во 21 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!