Почетна / Сапуници / Турската серија “Сила” од следната недела на Сител

Турската серија “Сила” од следната недела на Сител

 

Уште една серија за турската традиција и крвна одмазда, наскоро на Сител

 

Од следната недела на Сител започнува нова турска теленовела која ќе ја замени “Имитација на животот” која се ближи кон својот крај. “Сила” е серија која зборува за судирот на традицијата и модерното време. Дејството на серијата се одвива во Мардина, град во југоисточна Турција кој е познат по арапската архитектура. Улогата на Сила ја толкува познатата Џансу Дере (Езел, Величествениот), а во главната машка улога настапува турскиот модел и глумец Мехмет Акиф Алакурт. Иако е снимена во 2006 година, серијата лани се прикажуваше во сите екс ју републики со голем рејтинг.

 

Содржина на серијата:

На необично место во неочекувано време, под невозможни услови започнува нејзината приказна. Сила е родена во беда и сиромаштија, па поради немање пари, нејзиниот татко ја продал на богата фамилија во Истанбул, фамилија која многу ја сака и кои ја школувале во најдобрите школи во Истанбул. Еден ден, нејзиниот биолошки татко Џелил и братот Азад се појавуваат пред неа во богатата куќа и под изговор дека мајка и е болна, ја носат Сила во селото каде живеат. Сила е среќна што ја нашла својата вистинска фамилија, но не знае дека тоа патување ќе и го промени целиот живот. Во селото каде доаѓа владеат строги обичаи и закоравена традиција кои се сосема непознати за младата девојка која израснала со модерни сфаќања. Тука Сила е приморана да се омажи за Боран ага, чија сестра Нарин избегала со братот на Сила, Азад па според традицијата ќе мора да дојде до размена на младенците. Да го спаси животот на својот брат, Сила се жртвува и се мажи за човек кој не го познава. По свадбата, таа почнува да живее во големата куќа кај својот сопруг, Боран ага, заробена во оковот на застарените обичаи. Станувајќи робинка на немилосрдната традиција, Сила планира бегство од големата куќа, но постепено сфаќа дека се вљубува во својот сопруг Боран.

Улоги: Cansu Dere, Mehmet Akif Alakurt, Zeynep Eronat, Menderes Samancılar, Fatoş Tez, Fatoş Sezer, Muhammed Cangören, Kartal Balaban

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Погледнете како изгледа најновата хрватска новела

Нова теленовела започнува оваа есен на хрватската телевизија Нова, која се снима во Опатија и …