Почетна / МК Сцена / Тијана меѓу куп голи мускулести фраери

Тијана меѓу куп голи мускулести фраери

 

Тијана Дапчевиќ деновиве заедно со Горила филм во Скопје работи на снимањето на видеото за евровизиската песна, а кое би требало да биде пуштено во етерот некаде во првата половина на следниот месец. Нашата овогодишна претставничка, која со темата „To the sky“ во мај во Копенхаген ќе се обиде ако не повеќе барем да не однесе во толку посакуваното евровизиско финале, снима под режисерската палка на Мерт Арслани, а интересно е што во дел од кадрите ќе ја има Тијана во секси издание и додека се капе во када.

 

 

Спотот инаку е студиски, но тоа не значи оти во него ќе недостасува провокација. Во кадрите освен главната ѕвезда ќе има и околу триесетина статисти меѓу кои добар дел се згодни момци кои, судејќи по она што успеавме да го видиме, се прилично оскудно облечени или, подобро речено, речиси соблечени.

 

 

Видеото ќе биде направено во три верзии – македонска, српска и англиска.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Ќе те сакам“, нова песна со спот на „Либеро бенд“

Интересен  проект, составен од неколку поврзани песни и видеа, летово најавија момците од „Либеро бенд“. …

error: Содржината е заштитена!