Почетна / Забава / Тепачка во кино за Каролин од „Бурни времиња“

Тепачка во кино за Каролин од „Бурни времиња“

 

Убавата турска актерка Вилма Елес, на нашата публика позната како Каролин од „Бурни времиња“, последниве недели минува низ вистински пекол поради љубомората на својот партнер, бизнисменот Керем Гогуш. Имено, тие двајца, само неколку часа откако Вилма добила признание за актерка на годината, направиле хаос во киното во еден истанбулски трговски центар. Во текот на проекцијата, помеѓу дечкото на Вилма и еден непознат маж избила крвава тепачка. Керем, убеден дека дечкото од соседниот ред и се додворувал на Вилма, им наредил на телохранителите брутално да го претепаат. Вилма во паника го напуштила киното, а претепаниот дечко поднел тужба против познатиот пар. Керем Гогуш во јавноста е познат по своите љубоморни испади.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонецот од Гранд сними кавер на балада од Тоше

Македонскиот пејач кој повторно го гледаме во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан …

error: Содржината е заштитена!