Почетна / Живот / Сораја раскажа како била силувана од Гадафи

Сораја раскажа како била силувана од Гадафи

 

Неодамна во јавноста излезе книгата на познатата француска новинарка Аник Кожан „Харемот на Гадафи“ која раскажува интересна приказна. Моамер ел Гадафи убиениот либиски водач, како што е веќе познато имал свој харем на жени, кои секојдневно ги силувал и тепал, а страшната приказна на една од нив, е приказната на Сораја, пренесува Денешен.

 

 

Оваа девојка раскажала дека Гадафи бил ужасен, пиел, пушел и се дрогирал, а кон девојките од харемот толку брутално се однесувал што завршувале со тешки повреди на внатрешните органи.

Девојката по име Сораја, Гадафи ја забележал во училиште. Бил во посета, а таа била одбрана да му врачи цвеќе. Како што раскажала, тогаш била почестена со тоа, за на крајот нејзиниот живот да се претвори во пекол. Гадафи испратил свои луѓе по неа, а ја пронашле во фризерскиот салон на нејзината мајка, која што била фризерка на жената на Гадафи, Сафија. Кога ја однеле во шаторот на водачот и донеле провокативна долна облека, и направиле тест на крвта, ја средиле и ја однеле во собата на Гадафи.

„Јас сум ти татко, така да ме викаш, зарем не? Но јас сум ти и брат, а наскоро ќе ти бидам и љубовник. Ќе ти бидам се бидејќи ќе останеш овде засекогаш со мене“, раскажала Сораја.

Првата ноќ Сораја немала секс со него но, затоа третата имала. Таа рекла дека толку брутално ја силувал што крварела наредните 36 дена. Наредните години продолжил да ја силува и тепа, а била ослободена дури во октомври 2010. година кога Гадафи бил убиен.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промовирана книгата „Балканскиот етнички феникс“ од Рубин Земон

Две промоции на најновотo издание на издавачката куќа Авант прес, студијата насловена „Балканскиот етнички феникс …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!