Почетна / Забава / Северина вечерва ќе го запали Скопје!

Северина вечерва ќе го запали Скопје!

 

Завчера околу 22:30 на аеродромот „Александар Велики“, слета авионот со кој Северина и најблиските соработници пристигнаа во Скопје. Таму беа пречекани од тимот на „Гуливер Милс“, организатор на концертот, кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“, во рамките на турнејата „Добредојде во клубот“.

 

 

Вчера пристигнаа и танчерите, заедно со познатиот светски кореограф Анже Шкрубе, а со нивното доаѓање екипата ќе се комплетира целосно. Тимот на хрватската пејачка почна да пристигнува од средата, кога во Скопје со четири камиони беше донесена целата техничка опрема околу концертот. Од Т.А. „Гуливер“ не информираат дека во тек се финалните подготовки, а продажбата на билети оди подобро и од предвиденото. Пред концертот предвидени се неколку проби, а слободното време, тимот на пејачката побарал да се искористи за обиколка на Скопје и традиционална македонска вечера, бидејќи Севе е љубител на македонската скара и пиво. Македонската публика е подготвена за спектакл. Ситно броиме до бајката во четири чина со поп иконата Северина.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На овие места може да набавите влезници за концертот на Ерос

Резервирајте ги вашите омилени места во А1 Арената и спремете се за одлично италијанско шоу …