Почетна / Забава / Распродаден првиот концерт на Љубојна, закажан втор

Распродаден првиот концерт на Љубојна, закажан втор

 

Откако целосно е распродаден концертот на 20.12.2014, Љубојна закажува втор, веднаш наредниот ден, на 21.12.2014.

 

 

Концертот што со големо нетрпение го очекувате, во едно специјално предновогодишно издание за вас! Љубојна која што со својата музика годинава стопли многу срца на концертите во Солун, Истанбул и низ цела Македонија, прогласена за најуспешна група за 2014 година од естрадниот магазин BackStage, со огромно задоволство ве поканува на ново концертно доживување “Љубојна, музика на дланка”.

Повторно „Универзална сала“ ќе ечи од песна и радост со многу музика и најголемите хитови на Љубојна од последниот и од претходните ваши омилени албуми!

Ве очекуваме на 20 декември (сабота) и 21 декември (недела) во Скопје во „Универзална сала“ со почеток во 20:30 часот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Роман Симовиќ: Преку музика ќе им помогнеме на семејствата од Кочани

Светски познатиот виолинист Роман Симовиќ, концерт-мајстор на Лондонскиот симфониски оркестар,  настапи заедно со младите музичари …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!