Почетна / Забава / Пуштени во продажба билетите за турнејата на Саша Ковачевиќ

Пуштени во продажба билетите за турнејата на Саша Ковачевиќ

 

Билетите за спектакуларната концертна турнеја низ Македонија на Саша Ковачевиќ се пуштени во продажба во ограничена количина и со промотивна цена од само 350 денари, но продукцијата апелира да се купуваат билети исклучиво од официјалните продажни места.

 

Миленикот на женската популација, шармантниот Саша Ковачевиќ по спектакуларниот концерт кој го одржа на 19-ти март во „Вип Арената“ во Скопје пред повеќе од 12.000 публика најавува ексклузивна концертна турнеја на која македонските фанови премиерно ќе можат да ја слушнат новата песна која е именувана како „Замало твој“, а има вистински потенцијал да стане голем летен хит.

Поради огромниот интерес за хитовите на Саша Ковачевиќ, на барање на своите фанови тој повторно доаѓа во Македонија. Концертната турнеја за која се најавуваат голем број на изненадувања, но и специјални гости, започнува на 24-ти јуни од Битола. 

Хитовите како „Случајно“, „Лапсус“, „Ноќ до подне“, „Браним“, „Где смо моја љубави“ и многу други во живо Саша Ковачевиќ ќе ги отпее пред кавадарчани на 1-ви јули во спортската сала „Јасмин“, а веќе следниот ден, на 2-ри јули организаторот најавува мега спектакл во спортската сала „Парк“. Концертната турнеја е планирано да се заокружи со најголем концерт во салата „Билјанини извори“ во Охрид на 31-ви јули каде публиката покрај новата песна, ќе може да слушне и голем број на македонски евергрини во интерпретација на Саша Ковачевиќ и негов колега, специјален гостин чие име ќе биде откриено многу наскоро.

Сите концерти започнуваат во 21 часот, а билетите по промотивна цена од 350 денари за Битола, Кавадарци и Струмица се веќе пуштени во продажба. Билетите за најголемиот концерт во Охрид ќе бидат пуштени во понеделник. Продукцијата „Балкан Медија“ преку социјалните мрежи апелираше да се купуваат билети исклучиво од официјални продажни места и менаџери кои се објавени на самите настани на Фејсбук. Продукцијата не сноси одговорност за билети купени од неофицијални продажни места.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луксузниот бренд ,,Елена Лука” го носи својот гламур во Њујорк!

Десетгодишниот јубилеј означува една нова ера за етаблираниот моден бренд Елена Лука и македонската мода …