Почетна / Забава / Промоција на албумот на Тајзи во Аеродром

Промоција на албумот на Тајзи во Аеродром

 

Во општина Аеродром, на стадионот до МЗТ салата овој петок и сабота ќе се случува фестивалот “Free Zone Festival”. На 27ми и 28ми септември, слободна организација објави дека ќе настапуваат Ареа, Слаткаристика, Морал, Газда Паја, Токсиколози и многу други, а влезот е слободен за сите посетители.

 

 

Меѓу артистите во петок, на 27ми, ќе настапи и Тајзи кој вечерта ќе го промовира својот прв, соло албум со наслов “Нешто поинакво”.

Во соработка со Иноватива ентертејмент, Тајзи најавува поинаков албум, во негов стил, со песни во кои ќе може да се пронајде секој. По промоцијата во петок, албумот “Нешто поинакво” ќе биде и во официјална продажба низ цела држава.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!