Почетна / Сапуници / „Приказна од Истанбул“ – турска серија на Алсат, со македонски титл

„Приказна од Истанбул“ – турска серија на Алсат, со македонски титл

 

Од понеделник до петок во 10 часот наутро – Приказна од Истанбул

 

Националната Алсат-М телевизија за прв пат емитува турска серија со превод на македонски јазик. Имено се работи за серијата “Приказна од Истанбул”, која во прајмтајм се емитува со албански титл, а пак во 10 часот наутро, од понеделник до петок, се емитува со титл на македонски јазик.

Во продолжение, ве запознаваме со содржината на серијата :

 

 

Есма е млада и убава девојка која работи како слугинка во една од најбогатите вили во Истанбул кај фамилијата Архан. Таа е ќерка на шоферот на семејството, Џемал и готвачката Сузан. Тројцата живеат во мала куќичка на имотот, направена за послугата, во која живеат и Чичек и Озан, сестрата и братот на Есма. Есма целиот свој живот била вљубена во младиот плејбој Демир, еден од синовите на богатата фамилија кој всушност е и нејзин газда. Но, Демир никогаш не ја загледал Есма како некоја девојка во која би можел да се вљуби. Тој цело време е зафатен со спортот кој го полни неговото срце со адреналин, а од другата страна и со љубовните афери со многу девојки. Семејниот холдинг е во рацете на Селим, братот на Демир, кој е целосно посветен на бизнисот на семејството. Селим застанал на чело на компанијата откако неговиот татко Омер се пензионирал, и сега е подготвен уште поуспешно да ја продолжи работата на татко му која им донела милиони.

 

По некое време се менуваат работите и младата Есма се враќа на имотот целосно трансформирана во изгледот. Нејзиниот нов изглед нема само да го привлече Демир, туку и Селим, па тогаш срцето на Есма почнува да чувствува нова љубов, овојпат за Селим. Но, онаа што нема да може да ја прифати врската на Селим и Есма е госпоѓата Бехије, мајката на Селим и Демир која не може да се помири со тоа дека во нејзиното семејство би имало снаа која е слугинка.

Улоги: Mehmet Aslantuğ (Селим), Ozan Güven (Демир), Ahu Türkpençe (Есма), Çetin Tekindor (Омер), Arsen Gürzap (Бехије), Altan Erkekli (Џемал), Vahide Perçin (Сузан), Yasemin Çonka (Чичек), , İsmail Hacıoğlu (Озан)

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Подгответе се – старува хит серијата „Украдено минато“ на Сител

Тахсин е главата на богатата фамилија Корлудаг, која со својот авторитет и моќ, има големо …