Почетна / Филм / Преносот на „Оскарите“ ќе го врши Сител телевизија

Преносот на „Оскарите“ ќе го врши Сител телевизија

 

ОСКАРИТЕ ексклузивно на Сител в недела, 2-ри март  во живо од Лос Анџелес

Доделувањето на најпрестижните филмски награди, Оскар ќе се одржи в недела, 2-ри март во Лос Анџелес. Најгламурозната церемонија на доделување награди во светот ќе ја пренесуваат преку 225 држави во светот. Ексклузивно преносот од црвената патека и Оскаровската церемонија ќе се емитува на Телевизија Сител трета година по ред.

 

 

Наградите за најдобри филмови во 2013-та Американската Академија за филмски науки и уметност ќе ги додели во театарот Долби во центарот Холивуд и Хајланд, а водителка ќе биде популарната комичарка Елен ДеЏенерис.

За Оскар ќе се борат филмовите: „Гравитација“, „Волкот од Вол Стрит“, „12 години роб“, „Американски измамници“, „Добрите дилери од Далас“, „Капетан Филипс“,  „Небраска“, „Филомена“, „Таа“ и други.

 

 

Меѓу номинираните се големи актерски ѕвезди како Леонардо ДиКаприо, Кристијан Бејл, Мерил Стрип, Џуди Денч, Сандра Булок, Кејт Бланшет, Џулија Робертс, Метју МекКонахи, Џејред Лето, Џенифер Лоренс, Ејми Адамс и други.

Не очекува блескаво издание на Оскаровската церемонија, на која е како презентери ќе се појават Оскаровците Даниел Деј Луис, Џенифер Лоренс, Ен Хатавеј, а потврдено е дека ќе настапат U 2, Карен О со номинираните песни за најдобри филмски теми.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Секоја недела во 22 часот – македонски игран филм на Наша ТВ

–Иако е донесено законско решение со кое Агенцијата за Филм има обврска сите новосоздадени дела …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!