Почетна / Забава / Евровизија / Официјално: „Империја“ ќе претрпи измени

Официјално: „Империја“ ќе претрпи измени

 

Евровизиската песна Империја на Есма и Лозано којашто масовно беше неприфатена од македонската јавност ќе претрпи измени и доработка во однос на текстот и аранжманот. Претставниците остануваат истите, Влатко Лозаноски нема да се откаже од учеството на „Евровизија“ туку ќе стори се за достојно да ја претстави Македонија заедно со Есма Реџепова. Дел од шпекулациите што вчера се појавија во јавноста паѓаат во вода, дознаваме од соопштението на МРТ кое денеска беше испратено до ТВ Пакет.

 

 

Песната која Македонија ќе ја претставува на Евросонг оваа година ќе претпри измени и доработка во однос на текстот и аранжманот, одлучи денеска Македонската Радио Телевизија заедно со евровизиските претставници.

Оваа одлука дојде како резултат на јасно изнесените ставови и конструктивните сугестии од стручната јавност и од македонскиот аудиториум. Македонската Телевизија како јавен сервис на граѓаните на Македонија ја почитува желбата на мнозинството кои го кажаа својот став во однос на песната.  

„Сакаме да напоменеме дека овие чекори се дел од регуларната и редовната процедура и дека ќе направиме се да имаме впечатлив, квалитетен евровизиски проект.“, велат од МРТ.

Како носител на лиценцата за евровискиот проект, МРТ ги има сите права за корекции и за промена на комплетниот евровизиски пакет, се до крајниот термин, 18. март оваа година, кога истиот треба да се предаде на ЕБУ.

 

„Уште еднаш напоменуваме, дека МРТ и оваа година дозволи целосна слобода во креативниот пристап и реализација на видео записот на песната, но сметаме дека видео записот направен од Егизт Б Продукацијата не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно претставување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од истиот. МРТ ниту го постирала, ниту го отстранила видео записот од интерент, туку изјавуваме дека целосно се оградуваме од истиот. МРТ се  оградува од сите шпекулации и изнесени невистини во јавноста за инволвираноста на јавниот сервис во идејното решение и реалзција на видео записот и сериозно размислува за отпочнување на постапка за заштита на интерсите и интегритетот на јавниот радио дифузен сервис. Овие чекори се иницирани за подобро претставување на Македонија пред светската музичка јавност.“

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов дебакл – Македонија претпоследна на детската Евровизија

Грузија по четврти пат победи на детската Евровизија одржана во Мадрид, Шпанија. Со тоа стануваат …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!