Почетна / Сапуници / Од понеделник, нови епизоди од “Дневникот на Фериде”

Од понеделник, нови епизоди од “Дневникот на Фериде”

Oд понеделник, Алфа телевизија започнува со емитување на новите продолженија на турската серија “Дневникот на Фериде”. Серијата ќе се емитува во 18:15 часот како замена на турската полициска драма “Украдена љубов” која на Алфа завршува во петок.

 

 

“Дневникот на Фериде” со голема промоција започна во март годинава на Алфа, а по еден месец беше прекината. Како што вели Алфa, телевизијата ги откупила правата и за втората сезона на „Дневникот на Фериде“ или, спопред оригиналниот наслов – „Calıkusu“. Но поради ниската гледаност на серијата во Турција, серијата не доживеа многу епизоди, па заврши без посебен успех. Во продолжение ве потсетуваме на сижето на љубовната приказна за Фериде и Ќамран.

 

Содржина:
Ова е приказна за Фериде, девојчето – сирак кое како мало останало без своите родители и од тогаш почнува да ја раскажува својата животна судбина. Во зима го посетува францускиот интернат во Истанбул, а летниот одмор го поминува кај семејството на својата тетка. Во училиштето го добива прекарот “чучулига”, птица чие име значи ведрина и ѓаволштина, карактеристики кои не биле специфични за муслиманските девојки во тоа време. Иако пораснала без своите родители, таа не се чувствува осамено. Има многу пријатели на училиште, а исто така е сакана и од нејзините тетка и тетин. Нејзината тетка има две деца, синот Ќамран и ќерката Неџмије. Неџмије е постојано љубоморна на својата братучетка поради тоа што целото внимание на семејството е свртено кон неа, а пак Ќамран е млад и успешен доктор кој ужива многу симпатии кај женскиот пол.

 

Иако Фериде и Ќамран постојано се караат без никаква причина, тие длабоко во себе кријат голема и искрена љубов. Кога конечно се свесни за тоа, решаваат да се венчаат. Но на денот пред венчавката, Фериде открива дека Камран ја изневерува. Повредена и тажна, Фериде остава се зад себе. Го напушта семејството, ги напушта пријателите, го напушта Истанбул и заминува во друг град да работи како учителка. Нејзиниот живот се менува, но таа никогаш нема да ја заборави првата љубов и првото разочарување.

Улоги: Fahriye Evcen (Фериде), Burak Özçivit (Камран), Mehmet Özgür (Сејфетин), Elif İskender (Бесиме), Ebru Helvacıoğlu (Неџмије), Deniz Celiloğlu (Селим)

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гледачите и фановите бараат Телма да продолжи со нови теленовели

По големото внимание кое го предизвикаа дневните мексикански серии, гледачите со неверување дека одеднаш Телма …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!