Почетна / Забава / Ново реално шоу – Секс во кутија

Ново реално шоу – Секс во кутија

 

Британската телевизиска станица Канaл 4 почнува со ново шоу кое е поинакво од се што сме виделе досега. Се работи за шоу во кое ќе учествуваат двојки кои ќе имаат сексуални односи во изолирана „кутија“, пред публика, пишува порталот Пресс 24.

 

 

Творците на шоуто „Sex Box“ тврдат дека програмата има за цел да се одвои сексот од порнографијата. Водителка на шоуто е Мариела Фрострап, која изјави дека се надева оти шоуто ќе покаже зрела, интелигентна дискусија за сексот во Велика Британија денес.

– Пристапив на ова со голема претпазливост и доза на скептицизам, особено затоа што ни е потребна кутија, но во последно време мислам дека тоа навистина е зрело, што е изненадувачки за телевизијата. Сексот кој го гледаме на екраните, во списанијата и на интернет, дава многу мал увид во вистинското искуство и вистинските луѓе, а ова ќе биде искрен разговор за есенцијалните елементи во животите на сите нас, рече Фрострап.

Двојките, чие време поминато во кутијата нема да биде снимено, ќе разговараат со секс експертот Трејси Кокс, експертот за врски Ден Севиџ и психотерапевтот, Филип Хадсон. Шоуто е дел од програмата која се вика „Кампања за вистински секс“, а која почнува на 30 септември. Во рамките на кампањата ќе бидат прикажани и разни документарни филмови и едукативни емисии.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!