Почетна / Сапуници / Нова латиноамериканска тв новела „Клетници“ на регионалните телевизии

Нова латиноамериканска тв новела „Клетници“ на регионалните телевизии

 

“Клетници” – нова латино серија во 18 часот

 

По низа турски синхронизирани серии, новите регионални телевизии како A1, O2, K3, Мега, Ултра, Канал плус, Канал три и К1 од овој месец започнуваат со емитување на латиноамериканска теленовела. Се работи за Телемундовата серија “Клетници”, снимена во 2014 и 2015 година во 119 продолженија која црпи мотиви од романот “Клетници” на Виктор Иго. Главните улоги ги толкуваат Арасели Арамбула (Перла, Прегрни ме цврсто), Габриел Порас (Анали), Арон Дијаз (Тереса, Нескротливи срца), Ајлин Муика (Марина, Наследничка, Богати и сиромашни, Спонзоруши, Аурора).

Во продолжение ве запознаваме со содржината :

 

 

По 10 години одлежани за злосторство кое не го направила, Лусија излегува од тексашкиот затвор. Пред да замине, нејзината пријателка од затворот Росалија ја моли Лусија да ја најде нејзината десетгодишна ќеркичка Роксана која живее во Мексико Сити и да се грижи за неа. Лусија и го ветува тоа на пријателката и потоа заминува од затворот. Решава да се врати дома кај своето семејство, но таму ја пречекува едно изненадување.

Нејзината злобна сестра Лилијана а и вели дека она е криминалец и срам за целото семејство. Напуштена од семејството, Лусија решава да го побара девојчето на пријателката и да започне нов живот. Барајќи работа, доаѓа во болницата на сестра Ампаро каде почнува добротворно да им помага на болните и повредените од пресметката меѓу полицијата и нарко мафијата. Тука го запознава Даниел, убав и строг шеф на одделот за борба против нарко мафијата и картелот на мафијашот Диабло, воедно и внук на Ампаро.

 

 

Даниел и Лусија се вљубуваат еден во друг, не знаејќи дека таа љубов ќе прерасне во најголема омраза. Во Лусија се вљубува и братот на Даниел, Сезар, а на патот на среќата меѓу Лусија и Даниел ќе стојат тајните од минатото и сплетките кои засекогаш ќе ги сменат нивните судбини. Мафијата го убива Сезар, а Даниел започнува безмилосна потрага по девојката со која бил Сезар во тој момент и за која верува дека го убила. Таа девојка која била со Сезар кога умирал е Лусија, но таа не е неговиот убиец. Лусија ќе мора да се бори да остане на слобода и да му докаже на Даниел дека не е девојката по која трага.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За фановите на „Млади бунтовници“ и „Ангели“, доаѓа нова хит серија

Со големо задоволство и носталгија се сеќавате на времето поминато со вашите незаборавни “Млади бунтовници”? …

error: Содржината е заштитена!