Почетна / Телевизија / Х Фактор / Никола од „Х Фактор“ сака Кристина да му биде ментор

Никола од „Х Фактор“ сака Кристина да му биде ментор

 

18-годишниот дечко од Неготин, Никола Станојевиќ, го привлече вниманието на јавноста со својата емотивна изведба на баладата од Бруно Марс „When i was your man“ во популарниот музички натпревар „Х Фактор“, а на неговиот талент не истана имуно ниту четворочленото жири.

Жељко Јоксимовиќ, кој инаку ретко дава комплименти на ова симпатично момче му аплаудираше и му рече: „Браво професоре! Одлично, одлично, одлино!“, додека Кристина изјави дека се вљубила во него.

 

 

Никола после настапот изјави: „Морам да признаам дека на самиот настап не се сеќавам добро, веројатно поради тремата. Жељко баш ме изненади со своите коментари. Бев во шок, не можев да верувам што рече. Да добиеш потврда дека си одличен пејач од некој кој што професионално се бави со музиката и има голема кариера зад себе е фантастично и многу ми значи!“

Никола признава дека на коментарот на Кристина Ковач малку се засрамил: „Кристина, исто така е еден голем музичар и сметам дека е особено објективна во оценките. Мислам дека е тешко да се добијат и нејзините симпатии. Нејзиниот коментар ми се допадна многу, но признавам дека малку се засрамив. Верувам дека Кристина со своите кандидати ќе работи интензивно во понатамошните натпреварувања, јас многу ја ценам и мислам дека и во приватниот живот е една позитивна, паметна и комуникативна личност која умее да работи со млади таленти, поради што сакам таа да ми биде ментор!“, беше искрено ова талентирано момче кое ќе го видиме во следната фаза на натпреварот boot camp.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …