Почетна / Серии / Теленовели / Непознати факти: „Дона Бела“

Непознати факти: „Дона Бела“

 Колумбиска теленовела која е базирана на истоимениот роман. Римејк на една од најпопуларните бразилски новели „Dona Bella“ снимена во далечната 1986. година. Оригиналната идеја е настаната од страна на Даниела Кастанго, а заедно со неа на приказната работеле Памела Соријано, Андрес Гузман и

 

Она што не го знаеш за теленовелата „Dona Bella“

Колумбиска теленовела која е базирана на истоимениот роман. Римејк на една од најпопуларните бразилски новели „Dona Bella“ снимена во далечната 1986. година. Оригиналната идеја е настаната од страна на Даниела Кастанго, а заедно со неа на приказната работеле Памела Соријано, Андрес Гузман и Рикардо Фореро. Приказната е инспирирана од животот на Ана Хасинта де Сао Хосе, жена која живеела и починала во 19. век.

 

Втора теленовела снимена за TeleFutura, веднаш по успешната „La Marca Del Deseo“. Снимена е во Марсеља, еден од најубавите градови во Колумбија. Интересен е податокот дека теленовелата е снимена во 2009. година, а во Колумбија е премиерно прикажана цели две години подоцна откако по снимањето било решено теленовелата да не се прикажува воопшто. Теленовелата постигна огромна гледаност во земји како Венецуела, Еквадор, САД, Порторико, Панама и други. На доделувањето на наградите Latin Pride во 2010. година, одржани на Доминиканската република, Зарик Леон ја освои наградата за најдобра актерка за улогата на Доња Бела. Прва негативна улога на младата актерка Стефани Кајо. Прва главна улога на актерот Фабијан Риос.

Откако режисерот Николас ди Блас и продуцентот Арландо Лимански се откажале од проектот, ги замениле продуцентот Армандо Барбоса и режисерот Тони Навио. Причина за промената било тоа што теленовелата добила остри критики од RCN и TeleFutura, кои побарале одново да се снимат веќе снимените сцени за да се намалат трошоците и да се направат промени.

Актерската екипа често се жалела на режисерот Тони Навио кој буквално ги малтретирал; повеќето сцени се снимени на отворено поради што се потрошени многу пари и инвестиции; во улогата на Доња Бела се споменуваа и актерките Марлене Фавела и Марија Луиса Флорес; насловната нумера Bella ја изведува Carlos Aguera и Mariatta; младиот 27 годишен актер Андрес Луна почина во сообраќајна незгода непосредно по завршувањето на снимањето; во Порторико за насловна нумера се користела темата Para volver amar на Кани Гарсија од истоимената теленовела; многу критики на грбот на актерите Зарик Леон, Марсело Букет и Фабијан Риос поради лошата глума; Даниел Аренас кој во теленовелата го глуми Николас Алаја, по снимањето на Доња Бела се префрли во редовите на Телевиса каде што ги сними теленовелите „Teresа“ и „Amorcito Corazon“.

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ќе се разоткрие ли убиството кое донесе „Подарено срце“?

И вечерва на Сител, нова епизода од љубовната драма за едно “Подарено срце”. Приказната за …