Почетна / МК Сцена / Некст Тајм воодушевија во Бугарија

Некст Тајм воодушевија во Бугарија

 

Минатата среда софискиот клуб Рок Ит беше местото каде неколку стотици бугарски вљубеници во рок музиката уживаа во концертот на  Некст Тајм и нивниот бенд, кои го одржаа своето ветување – приредија шоу за паметење. Најголемите хитови од двата албуми, како и кавер верзии на најпознатите светски рок хитови, беа дел од репертоарот со кој Стефан и Мартин ги воодушевија присутните во Рок Ит, меѓу кои се наоѓаа многу Македонци, но и бугарски претставници од тамошните ТВ и радио станици.
 
„Беше прекрасно да се настапи пред таква публика, која енергично пееше и играше на нашата музика до крајот на концертот. Имресионирани сме и од заинтересираноста на бугарските медиуми да го проследат нашиот настап, кој беше и причина за наше гостување во најслушаното бугарско радио Дарик, во емисијата на најголемиот тамошен шоумен Ники Кунчев, кој е познат како водител на „Сакам да бидам Милионер“, „Биг Брадер“ и „Вип Биг Брадер“, изјавуваат Мартин и Стефан.

 

 

Концертот во Рок Ит беше само увертира за влезот на Некст Тајм на бугарскиот музички пазар. Момците веќе се подготвуваат за следниот настап таму, на еден од големите рок фестивали кои ќе се одржуваат во текот на летниот период во Софија. Во меѓувреме македонската публика може да го очекува новиот сингл кој што ќе се најде на третиот по ред студиски албум на Некст Тајм.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!