Почетна / Сапуници / На Скај Нет и локалните телевизии започнува серијата „Ева Луна“

На Скај Нет и локалните телевизии започнува серијата „Ева Луна“

 

Нова теленовела на малите екрани – Ева Луна

 

Од понеделник (12 октомври) во 20 часот на Скај Нет телевизија започнува новата латиноамериканска серија “Ева Луна”. Се работи за новела снимена во 114 епизоди од страна на продукциите на венецуелската Веневижн и американската Унивижн, Насловната тема “Él” ја изведува Џени Ривера, а пак одвајвната песна “Llueve el Amor” ја изведува Тито Ел Бамбино. Серијата ќе се емитува и на сите останати локални телевизии низ земјава, како Визија (19 часот), ТВМ, Кис итн.

 

 

Содржина :

Приказната за младата, убава, вредна и сиромашна Ева започнува во Лос Анџелес каде Ева заедно со нејзиниот татко и сестра имигрирале во Америка. Како би помогнала финансиски на своето семејство, Ева наоѓа работа како келнерка на една голема гала забава каде го запознава богатиот публицист Даниел и неговиот пријател Леонардо Арисменди.

Голема трагедија која се случува наредниот ден ќе го одбележи животот на Ева. Нејзиниот татко е прегазен на улица и умира во рацете на Ева. Воачот бега од местото на несреќата, а Ева се колне дека ќе го најде и ќе ја одмазди смртта на својот татко. Таа не ни претпоставува дека оној кој го уби нејзиниот татко е всушност Леонардо. Од друга страна, Леонардо е маѓепсан од убавината на Ева која ја запозна на забавата и и’ нуди работа во неговата голема куќа, така што ќе се грижи за неговиот болен очув, дон Хулио Арисменди. Ева се вработува во куќата, а пак Леонардо се обложува со Даниел дека за еден месец ќе ја одведе Ева во кревет. Даниел не сака тоа да се случи затоа што потајно и безнадежно се вљубил во младата негувателка, и решава да стане нејзиниот заштитник.

 

 

Даниел е во врска со Викторија Арисменди, сестрата на Леонардо, која е една препотентна, злобна и своеволна девојка која посесивно го сака Даниел само за себе. Викторија и нејзината мајка Марсела ја малтретираат Ева додека работи во куќата, а пак таа, единствена помош и наклонетост наоѓа кај стариот дон Хулио. Омразата на Викторија кон Ева станува уште поголема кога дознава дека постојат љубовни искри меѓу неа и Даниел. Затоа Викторија и Леонардо решаваат да ги разделат Даниел и Ева и започнуваат со нивните сплетки. Леонардо и кажува на Ева дека Даниел е оној кој го прегазил нејзиниот татко и кукавички избегал, а таа разочарана и тажна, зажалува што се вљубила во Даниел.

 

 

Дон Хулио решава да ја заштити Ева од злобните доња Марсела, Виктоирја и Леонардо и нивните лаги и манипулации, па смислува еден чуден план. Ја исценира својата смрт, Ева заминува од куќата и со негова помош создава нов идентитет. Сега, под името Луна, таа се враќа во животите на Арисменди кажувајќи дека е некоја богата наследничка на дон Хулио. Таа тогаш ја дознава вистината за убиството на нејзиниот татко и сфаќа дека Даниел е невин. Но, на патот на среќата на Ева и Даниел и понатаму ќе стојат Марсела, Леонардо и Викторија кои ќе го направат се’ за да го загорчат животот на младата Ева.

 

Улоги : Blanca Soto (Ева Луна), Guy Ecker (Даниел), Julian Gil (Леонардо) Vanessa Villela (Викторија), Susana Dosamantes (Марсела)

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | На снимањето на последните епизоди од „Далеку од дома“

Костимираната телевизиска серија на Сител се приближува кон големото финале. Додека ги следиме последните случувања …

error: Содржината е заштитена!