Почетна / МК Сцена / Менаџерот Марко Поповски го демне Фејсбук манијак

Менаџерот Марко Поповски го демне Фејсбук манијак

 

Скопскиот менаџер Марко Поповски од Caffe Stobi и Central Park се соочува со сериозен проблем кој почнува да го нарушува неговиот углед. Имено, сеуште непозната личност има регистрирано профил на социјалната мрежа Фејсбук под негово име и презиме. Вистинскиот профил е Marko Popovski, додека лажниот е под името Marko Popovski Central Park и се познава по тоа што има малку пријатели. Овој профил е регистриран со намера да се создадат недоразбирања помеѓу Поповски и неговите соработници и пријатели. Личноста што вешто се крие зад овој профил договара средби со пријателите на Марко и истите ги навредува и им се заканува во негово име, а го дели и телефонскиот број на споменатиот кај стигне и на кој стигне.

 

 

Инаку, Марко Поповски со менаџерство се занимава долги години и е особено популарен во градот, како што кажавме, работи за Central Park и заедно со својот брат Мартин Михаилов како MM crew во тим го држат Caffe Stobi. Марко од оваа личност побара да се избрише профилот, а тој му предложи да го бара Марк Цукерберг, што докажува дека личноста нема намера да престане со својата „забава“.

Ваквите профили лесно може да се деактивираат доколку дадете негативен фидбек за лажниот идентитет. Кликнете овде за да го сторите тоа.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Билети за концертите на Ерос и Адамс и во Avalon ticket shop

Билетите за концертот на Eros Ramazzotti како и за концертот на Bryan Adams ќе може …