Почетна / МК Сцена / Македонската ѕвездичка на фестивал за најдобра песна во Лос Анџелес

Македонската ѕвездичка на фестивал за најдобра песна во Лос Анџелес

 

Откако го освои регионот, Трајче во светски поход

 

Македонската ѕвездичка Трајче Ѓоргиев, кој се прослави во талент шоуто “Ѕвездички”, повикан е да учествува на музичкиот фестивал „Најдобра песна на светот 2016“ (“The World’s Best Song”) кој се одржува секоја година во Лос Анџелес, САД. Фестивалот „The World’s Best Song” ќе се одржи на 9 и 10 септември, а повиканите пејачи до крајот на јануари ќе треба да достават своја оригинална песна.

 


 

Со учество на овој фестивал, младите уметници добиваат шанса за светска популарност и проширување на сопствените музички граници.  Ова е убава можност за финалистот на “Ѕвездички”, Трајче Ѓоргиев, кој е добитник на општинската годишна награда на Струмица, да ги покаже своите вокални способности и потенцијал во Соединетите Американски држави.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Младиот фолк пејач Игор Андреевски ја промовира „Да сум сонце“

Новата песна на Андреевски претставува стара македонска тема, која долго време не била преработувана, а …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!