Почетна / Забава / Кралицата Елизабета забрани внуката да се вика Дијана

Кралицата Елизабета забрани внуката да се вика Дијана

 

Американскиот таблоид National Enquirer, познат по шокантните приказни за кралското семејство, во најновиот број открива дека кралското семејство, наводно е во расправија поради ставот на кралицата Елизабета – детето на Кејт Мидлтон и нејзиниот внук Вилијам да не се вика Дијана! Вилијам и Кејт планираат детето да го крстат по несреќно настраданата принцеза доколку е женско.

 

„Кралицата има апсолутно право да ги одобри сите имиња на потенцијалниот наследник на круната. Но, нејзината одлука поттикна неубави семејни конфликти. Вилијам побарал поддршка од принцот Чарлс, но татко му рекол дека он не сака ни да се обиде да биде дел од таа битка“, вели близок извор на кралското семејство.

 

 

 

 

Ивана Таневска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луксузниот бренд ,,Елена Лука” го носи својот гламур во Њујорк!

Десетгодишниот јубилеј означува една нова ера за етаблираниот моден бренд Елена Лука и македонската мода …