Почетна / Забава / Кои серии ги гледа Каролина Гочева?

Кои серии ги гледа Каролина Гочева?

 

Популарната македонска пејачка е фан на американски серии. Како што и самата кажува последниве две ипол години станала зависна од прајмтајм сериите. „Последниве година-две најдобро се забавувам со гледање американски серии. Ако фатам ритам, една сезона ја изгледувам за 4-5 дена.“ – рече ѕвездата во едно интервју.

Она што знаеме е дека во своите тинејџерски години, ја гледала познатата тинејџерска серија „Беверли Хилс“ и со друштвото се собирале во една сендвичара во Битола која ја нарекувале „Пич Пит“, името на локалот во кој се собираат Брендон, Бренда, Кели, Дона, Дилан, Стив, Андреа во самата серија.

 

 

Пред повеќе од една година, Каролина беше опседната од уште една тинејџерска серија, овојпат Беверли Хилс за новата генерација, односно познатата „Gossip girl“. Омилен лик и бил Чак, а омразен Ден. Она што можеме да утврдиме е дека Каролина во Македонија може слободно да им парира на главните ликови во серијата, Серена и Блер кои важеа за модни икони за младите девојки.
 
По неколку месеци од завршувањето на „Gossip girl“, на својот Инстаграм профил, Каролина објави слика од „Mad men“, серија прогласувана за најдобра на престижните награди Emmy и тоа повеќе години. Серијата за шеесетите години во Америка, освен за тогашните политички и бизнис услови, ни го претставува и стилот во облекување и однесување на тогашните образовани и богати луѓе.
 
Најново што дознавме е дека периодов, поп пејачката ја гледа авантурата „Game of thrones“, а истовремено и ги чита книгите по кои се снима серијата. Тоа го изјави пред неколку дена кога стана дел од кампањата за популаризација на читањето, организирана од Министерството за култура и Матица.
 
Па со оглед на сериите кои ги гледала и гледа, може да заклучиме – Каролина освен за песни и облекување, има одличен вкус и за серии.

 

 

 

Даниела Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влезниците за концертот на Брајан Адамс пред распродавање!

Влезниците од категоријата ПАРТЕР за претстојниот концерт на Bryan Adams кој ќе се одржин1 13. …