Почетна / Серии / И Телма почна да укинува серии

И Телма почна да укинува серии

 

Укината е шпанската серија “Бандолера” која се емитуваше од понеделник до петок во 20 часот на Телма телевизија

 

 Шпанската сапуница “Бандолера” која бележеше неверојатно ниска гледаност, повеќе нема да се емитува на програмата на Телма. Од серијата беа прикажани 125 епизоди од вкупно 196 колку што се откупени за балканските земји, но Телма се одлучи да не ги прикаже продолженијата. Ова е прва теленовела која е укината од страна на Телма, иако изминатите години беа прикажувани бразилски, руски, австралиски и шпански историски теленовели без никаков проблем.

 Оваа промена се случува неколку дена по објавувањето од страна на некои медиуми дека на директорското и главното уредничко место на Телма доаѓа нов човек, а стариот директор Ристо Лазаров оди во пензија. За стариот директор и неговата политика на водење на телевизијата, своја критика напиша и Сашо Политико. Со оглед на тоа дека на овој портал нема место за политика, ќе цитираме еден мал дел во врска со програмската шема која ја предложи Сашо за Телма.

“Се што требаше да направи Телма е да направи гледана забавна емисија од типот на Бекстејџ, да земе атрактивна турска серија, да земе јака политичка емисија од типот на Во Центар на Ефтов или Вин Вин на Оливера па зошто да не и да ја воскресне мојата Политико или X/O на Роберт Поповски, и секако да најде поинтересни спикери на вестите и конечно да вложи во ново атрактивно студио и вестите да ги презентира атрактивно како што е редот и како што се прави во цел нормален свет.”

Па така, на местото на шпанската премиерна серија, од сега на Телма во прајмтајм ќе се емитуваат реприза на постара шпанска серија, емитувана пред Бандолера. Се работи за серијата Гран хотел во 39 епизоди која се емитуваше минатава зима во истиот вечерен термин.

 

 

Дејствието на серијата е сместено во 1905 г. Младиот Хулио Олмедо (González), пристигнува во Хотелот Гранд со цел да ја истражи смртта на својата сестра, која работела како слугинка во хотелот. Тука Хулио детално ќе го запознае персоналот на хотелот и ќе започне романса со Алисија (Salamanca), една од ќерките на фамилијата Аларкон, сопственците на хотелот. Алисија ќе му помогне на Хулио во истрагата со цел да откријат како исчезнала неговата сестра. Двајцата љубовници по пат на својата истрага ќе откријат многу интриги, лаги и тајни кои се кријат зад ѕидините на навидум идиличниот Гран Хотел.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжението на „Life on Mars“ за викенд крими акција на Нова С

Секоја сабота и недела на кабловската Нова С го следите продолжението на познатата британска серија …