Почетна / Забава / И Србија со своја верзија на „Танц со Ѕвездите“

И Србија со своја верзија на „Танц со Ѕвездите“

 

Србија доби свои верзии на „Танц со ѕвездите“ и „На тоа никој не се сети“

 

Светски популарното шоу „Танц со ѕвездите“, добива и српска верзија – „Ples sa zvezdama“. Шоуто од пролет ќе го емитува Прва српска телевизија. Натпреварувањето во стандардни и латино танци кое на малите екрани се прати во многу земји ширум светот доаѓа од продукцијата на BBC каде се емитува под името „Strictly come dancing“, а покрај Англија, голема популарност стекнало и во Америка каде се емитува под називот „Dancing with the stars“ на ABC каналот. Во Британија шоуто се емитува од 2004. година, а тоа постигнува огромна популарност во над 42 земји. Прва која ги откупи правата беше Австралија, а шоуто е лиценцирано и во Финска, Франција, Германија, Словенија, Русија, Шпанија, Турција, Јужна Африка, Ерменија, Естонија, Чешка, Словачка, Хрватска, Албанија, Украина и секако Македонија. Учествуваат десет двојки – професионални танчари во тандем со познати личности од различни категории – пејачи, ТВ-водители, актери, спортисти. Тие се натпреваруваат во стандардни и латино танци. Во секоја емисија излегува по еден пар, а тој што ќе остане до крајот е победник и ќе ја затвори првата сезона во јуни.

 

 

И пред српските гледачи се очекува богата сценографија, врвна продукција, сјајни костими и музика кои се аранжираат специјално за оваа шоу програма. Ѕвездите кои ќе танцуваат ќе бидат избрани на кастинг. Нив ќе ги оценува професионално жири, а публиката ќе може да гласа преку телевоутинг и да го даде својот глас. Една од веќе потврдените српски јавни личности која ќе танцува е глумицата Лена Богдановиќ.
 
Освен „Танц со ѕвездите“, српската Прва ќе емитува и своја верзија на светскиот квиз „Pointless“ кој веќе се емитува во многу земји во светот, меѓу кои и Хрватска. Првото емитување на овој формат се случило во Англија на BBC. „На тоа никој не се сети“ е квиз на знаење во кој се натпреваруваат четири пара кои одговараат на прашања од различни тематски области. Секој пар го сочинуваат двајца натпреварувачи, без разлика дали се пријатели, роднини, сопружници, колеги, а пак квизот е составен од три игри и една завршна игра со можност за џекпот.

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петар Грашо со трет концерт со симфониски оркестар во Скопје

Концертите на Петар Грашо предизвикаа огромен интерес кај македонската публика како за никој досега, барањата …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!