Почетна / Забава / Ивана Кнез со личен печат за есенската лимитирана колекција Сенка

Ивана Кнез со личен печат за есенската лимитирана колекција Сенка

Силна, драматична и впечатлива со емотивна приказна на модната дизајнерка Ивана Кнез ја презентира новата есенска лимитирана колекција на Драма Студио насловена како Сенка. Материјалите на фустаните се брокат, свилена тафта, неопрен и чипка.

„Оваа лимитирана колекција го опишува мојот карактер како креатор во потполност. Сакам да ви ја раскажувам мојата лична дизајнерска приказна затоа и се појавив како лице на колекцијата. Ова е моја интимна верзија на Драма, таа зад која имам личен потпис, наменета за жени со силен карактер, исклучителен визуелен печат, кои не се претопуваат во стереотипите на општеството.“ вели Ивана Кнез, модна дизајнерка и сопственичка на Драма Студио.

Приказната за колекцијата е под продукција на Дарко Митев, претставена со видео запис и фотографии. Визуелниот дел е застапуван од тимот на Драма Студио.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Диригентот Виктор Митревски настапи во Операта во Малме

Македонскиот диригент Виктор Митревски, кој живее и работи во Виена, на 8 и 10 јануари, …

error: Содржината е заштитена!