Почетна / Забава / Зоки Фаци ве кани на луда роденденска забава

Зоки Фаци ве кани на луда роденденска забава

 

Забавната емисија „Фаци“ во која што досега гостувале многу балкански ѕвезди, па дури и понедостижни странски ѕвезди како Мадона, Бој Џорџ, Пет Шоп Бојс, Кајли Миног и други, оваа недела на 24.11 на големо ќе ја прослави петтата годишнина од своето постоење.

Зоки Фаци ги кани сите фанови на неговата емисија на забавата која што започнува од 22 часот во дискотеката Театро да го прослават заедно со него 5-от роденден на емисијата.

За музиката ќе се погрижи бендот Фит бек, а ќе настапат и Боби Сакс, Ди Џеј Гардијан и други македонски ѕвезди кои ќе пеат во живот. За вжештувањето на забавата во доцните часови ќе се погрижи Ди Џеј Бабура.

– „Оваа годишнина им ја посветувам на своите фанови и затоа одлучив заедно со нив да наздравиме“, изјави Зоран Василевски, автор и водител на емисијата.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонските танчери се светски шампиони во латино шоу

Танчерите од Eat The Beat од Скопје, остварија неверојатен резултат на Светското Првенство во Латино …