Почетна / Забава / Започнува Саемот за деца и семејство во Скопје Сити Мол

Започнува Саемот за деца и семејство во Скопје Сити Мол

 

Започнува Саемот за деца и семејство, кој ќе ги обедини најмалите, ќе ги усреќи најсреќните и израдува редовните посетители на овогодинешниот ,,Саем за деца и семејство” кој започнува на 15-ти мај, петок и ќе трае до 17-ти мај, недела.

 


Дружење и забава со Трајче Георгиев и Златните Славејчиња, омилените детски маскоти и живи рептили, разни спортски активности, забава за најмалите, кои значат радост и насмевки на сите оние кои ќе го посетат ,,Саемот за деца и семејство” од 15-ти до 17-ти мај во Скопје Сити Мол. Ќе настапуваат училишни хорови и други секции од училиштата, покрај тоа Републичкиот Совет за Безбденост на Сообраќајот на Патиштата ќе реализира едукативни предавања за важноста на детските седишта во автомобилите, велосипедистите и пешаците.

Сите посетители имаат можност да учествуваат во играта на лојалност и да освојат патување за целото семејство во Дизниленд во Париз, телевизор, тaблети, велоспеди или други вредни подароци на кои ќе се радуваат и големи и мали.

 

Локација: Скопје Сити Мол
Датум: 15-ти мај, 2015 година
Време: 18 часот

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонецот од Гранд сними кавер на балада од Тоше

Македонскиот пејач кој повторно го гледаме во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан …

error: Содржината е заштитена!