Почетна / Живот / Екстензиите за коса и светкавите фустани за Бил се најмал проблем

Екстензиите за коса и светкавите фустани за Бил се најмал проблем

 

Од 7 март во 20 часот на TLC – нов серијал

 

„Шармантниот тренер“ е комедија без сценарио која го следи симпатичниот но зајадлив Бил Алверсон кој пробува да го усогласи семејниот живот, адвокатската кариера и работата како тренер на избори за убавина. Бил е најбараниот тренер во Америка кој ги подготвува потенцијалните носителки на круни ширум земјата.

 


 

Екстензиите за коса и светкавите фустани се најмал проблем, тоа што не може да се лажира е паметот и прибраноста. Серијалот го следи Бил од моментот кога се запознава со натпреварувачките па се до избирање на вистинскиот фустан, шминка и чевли, вежбање совршен говор, прикажување на талентите и правилно одење на писта. Бил ги подготвува и девојките за интервју кое е еден од најважните делови од натпреварувањето. Неговата мисија е да во текот на сезоната ги подготви девојките, и психички и естетски, за освојување на круната.

 


 

Советите на Бил не сопираат само кај натпреварувачките или неговите клиенти кои ги застапува како адвокат. Неговиот искрен и отворен пристап често прави проблеми и во интеракцијата со најблиските. Често води дискусии со снаата што и како да јаде за време на бременоста. На најмладата ќерка Стела и држи предавања со кој треба да излегува, а на неговиот син Вилјам кој му е и партер, знае да му приговара за работата. Сепак неговото семејство знае дека единствен начин на се преживее тато, е да му се врати со иста мера.

Забавувајте се со Бил од понеделник, 7 март во 20 часот на TLC.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Хорор во хотелот „Европа”, некогашната гордост на Отешево

Ова е кратко видео сведоштво за една типична негрижа од македонското општество кон нешто вредно …