Почетна / Забава / Експо Центар „разбиен“ од публиката на Владо Јаневски

Експо Центар „разбиен“ од публиката на Владо Јаневски

 

Вчеравечер Експо Центар ќе беше „разбиен“ од неколкуилјадната публика која едногласно ја пееше „Црно Тиквешко“ на Владо Јаневски, но и другите негови хитови, во атмосфера со позитивни вибрации и беспрекорно извучување и осветлување. Уште еднаш се покажа дека Експо Центар е местото во кое се случуваат најголемите забави со вистински ѕвезди како што е Владо, кој два часа непрестано заедно со својата публика ги пееше безвременските љубовни балади: И тогаш некоја будала, Евергрин, Што и да е ќе помине, Тајна отровна итн.

 

 

– Среќен сум што ве гледам во волкав број, особено што гледам млади  лица како ги пеат моите стари хитови, но присутна е и публика од мојата, постара генерација, што особено ме радува, вака заедно што се забавуваме сите. Вечерва сум само ваш! – изјави Владо.

 

 

Неповторливиот романтичар не ги изостави и веселите хитови кои ја обележаа неговата досегашна музичка кариера. Ова беше одлична предновогодишна забава за публиката во Експо Центар.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!