Почетна / Телевизија / Х Фактор / Даниел ќе пее во Македонија на турнејата на „Х-Фактор“

Даниел ќе пее во Македонија на турнејата на „Х-Фактор“

 

Даниел и останатите кандидати не доаѓаат само по одлука на продукцијата на Икс Фактор

 

Продукцијата на Икс Фактор денеска одлучи дека Доктори, Алекса Перовиќ, Лукијан Ивановиќ и Даниел Кајмакоски нема да дојдат на закажаниот концерт на Кики Лесендриќ и Пилоти поради тоа што концертот погрешно се рекламирал т.е. се рекламирал како концерт на Финалистите на Икс Фактор и Кики Лесендриќ.

Тоа не било воопшто концерт на финалистите туку само концерт на Кики, на кој финалистите ќе испеат по една песна. А од најавените финалисти сега излезе дека ќе пеат само Тамара, Илма и Александра.

 

 

Денеска продукцијата се одлучи на чекор кој досега го практикувале: менторот ги промовира своите кандидати на концертите кои ги одржува.

Жељко Јоксимовиќ своите кандидидати Маја Новаковиќ, Младен Лукиќ, и Даниел Кајмакоски ги претстави за новогодишната ноќ во Крушевац, а потоа на неговиот концерт за Водици во Охрид, гостин му беше нашиот Даниел Кајмакоски.

Менторите во британското шоу пак со своите кандидати секогаш настапуваат во родните места на кандидатите, нормално само доколку менторите се естрадни ѕвезди, а ако станува збор за продуцент или некоја друга професија, тогаш само кандидатите имаат настап пред публиката во нивното родно место.

Даниел Кајмакоски ќе пее во Скопје веднаш по завршувањето на првата сезона на „Х-Фактор“ на концертот на кој што ќе настапат сите ѕвезди од шоуто.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …

error: Содржината е заштитена!