Почетна / Телевизија / Грчката Влада ја затвора Националната телевизија

Грчката Влада ја затвора Националната телевизија

 

Најнова во низата одлуки за штедење како што си ги замислува Грчката Влада е и онаа да се затвори националниот радио телевизиски сервис – ЕРТ. Во соопштението на Владата во кое треба да стои објаснување зошто е донесена ваквата одлука само стои дека Националниот Сервис „преставува рај за трошење“, а понатаму се објаснува одлуката четирите програмски сервиси да се заменат со друг канал НЕИРТ (Нова Грчка Интернет Радио Телевизија) во која би се вработиле дел од 2656 поранешни вработени во ЕРТ. Грчкиот премиер Андонис Самарас оваа одлука ја соопшти прилично ладнокрвно и ја опиша како неопходна за излез од финансиската криза кој самиот ја создаде.

На преминот од вторникот кон средата, околу полноќ владата ги исклучи сите предаватели на ЕРТ, како дигитални, аналогни и сателитски. Иако борбата против ваквата одлука новинарите од ЕРТ ја започнаа уште во централното информативно издание „Еидисеис“ кое се емитуваше на сите четири програмски сервиси на ЕРТ, тие почнаа да ги губат каналите уште пред полноќ кога еден по еден беа исклучувани. Грчкиот народ се крена на протести против одлуката да им се одземат најгледаните телевизиски програми, од вторникот во Грција има масовни штрајкови против ваквата одлука, а денес (13.06.2013) приватните медиуми нема да емитуваат вести, а печатените весници нема да излезат во нивното редовно издание, сите во подршка на борбата на ЕРТ против властите.

 

 

Од четири телевизиски програми на ЕРТ и остана само каналот за вести НЕТ кој непрекинато емитува отворена програма веќе 48 часа, програмата ја емитуваат преку туѓи фрекфенции аналогно преку ТВ 902, преку сателитските фреквенции на „ЕБУ“ (Европската Радиодифузија) кои им дадоа фрекфенции на нивните сателити, со цел програмата на ЕРТ да стигне до сите оние кои се борат против одлуката на Владата. НЕТ исто така емитува и на интернет преку неколку веб-портали кои го пренесуваат сигналот без прекин од исклучувањето на предавателите.

Отворената програма на НЕТ може да ја следите преку овој линк.

 

 

 

Никола С. | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ: Во спотови на Пендаровски и Османи учествуваат малолетници

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со мониторингот на изборното медиумско претставување за Претседателските …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!