Почетна / Телевизија / Гледачите останаа без директен пренос на Вардар – Динамо

Гледачите останаа без директен пренос на Вардар – Динамо

 

Наместо фудбал, гледате српска серија и српско риалити

 

Вечерва во Арената Филип Втори во Скопје се одржува фудбалскиот натпревар на македонскиот првак Вардар против Динамо. Се работи за првиот меч од квалификациите од Лигата на шампионите, кој минатите денови беше најавен на Алфа телевизија и како таков стои во програмскиот водич на телевизијата.

 


 

Но, што се случи за Алфа да не го пренесува долгоочекуваниот натпревар? „Црвено-црните“ се желни со максимален ангажман да дојдат до резултат кој ќе ги донесе поблиску до третото квалификациско коло, и покрај тоа што против себе го имаат еден од најдобрите клубови од Балканот.

 


 

Македонците, фудбалски фанови, кои не се во можност да го пратат во живо натпреварот од трибините на стадион, очекуваа дека ќе може да го следат директно на телевизиските екрани. Но и тоа не се случи. Наместо натпревар, телевизијата што требаше да го емитува, прикажува српска хумористична серија “Село гори, а баба се чешла” и српска забавна емисија “Пеколна кујна”.

 


Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Додека другите тв емитуваат премиери, Алфа репризира за викенд

Додека најголемите приватни ТВ куќи како Сител, Канал 5, Алсат и Телма емитуваат премиерни содржини …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!