Почетна / Телевизија / Вторите сезони од „Моќ“ и „Црните пирати“ од понеделник на МТВ

Вторите сезони од „Моќ“ и „Црните пирати“ од понеделник на МТВ

 

По долго време, нешто ново и на МТВ

 

Од понеделник на Македонската телевизија започнуваат вторите сезони од американските серии “Моќ” и “Спартак”. Една од друга ќе се емитуваат од 21 часот. Во продолжение ве потсетуваме на содржината на овие две серии и накратко ве упатуваме кон втората сезона :

 

 

“Моќ” е акциона драма која го прати Џејмс Сант Патрик, кралот на ноќната забава со прекар Дух, кој е сопственик на голем ноќен клуб во Њујорк. Во позадината на сопствеништвото на еден клуб, тој е дел од голем нарко бизнис затоа што се работи за проверен играч кој секогаш одбира мудро. Преку црниот бизнис на валкани пари, тој гради империја која се плаши дека може да се сруши. Во таа игра каде бизнисот има цена, нема назад. За Џејмс, останува прашањето што сака од себе и дали ќе може да го исполни ветувањето кон својата љубовница и да стави крај на нелегалните работи.

Во новата сезона, Дух продолжува со работата во „Вистина“ по неуспешниот обид за убиство врз него, додека во исто време ѝ се посветува на работата со дрогата.

 

 

Дејството на серијата “Црните пирати”, пак, се одвива 20 години пред да биде објавено класичното дело на Роберт Луис Стeвенсон „Островот со богатството“. Еден од извршните продуценти на серија е Мајкл Беј (Трансформери, Армагедон).
Во средиштето на приказната е капетанот Флинт и неговиот екипаж, во периодот на златното доба на пиратството, во 18-от век. Капетанот Флинт е најинтелегентниот и најстрашниот капетан од тој период кој го води својот екипаж во борба за островот Њу Провиденс- осквернавен рај за пирати, проститутки и крадци. За време на своето патување тој се среќава со својот противник, капетанот Чарлс Вејн, со ќерката на најбогатиот трговец на црниот пазар на Бахамите, Еленор Гутри, пиратот Џон Силвер, како и многу други интересни ликови.
 
„Црните пирати“ не се само обични крадци, алчни злосторници или романтични јунаци, од кои секој крие некаква трагична приказна. Тие се разликуваат по својата религија, сексуална определба, јазик и култура, а повеќемина од нив ја отфрлиле цивилизацијата бидејќи не можела да им овозможи живот, кој сметаат дека го заслужиле. 
 
 
 
 
Серијата е снимена на прекрасните плажи во Африка, и изобилува со богата костимографија и сценографија. „Црните пирати“ освои две „Еми“ награди, четири номинации и многу награди.
 
Во втората сезона, екипажот на бродот „Морж“ е заглавен на плажа со армија шпански војници кои го делат од златото на „Урка де Лима“. Осуден од поранешниот екипаж, капетан Флинт смислува план како да преживее– да се прикраде на шпанскиот борбен брод и да го заземе. Мислејќи дека планира да побегне, Силвер му се приклучува во мисијата. Во меѓувреме, Еленор се бори да го задржи Насау под контрола пред новата закана, пиратот-убиец Нед Лоу и неговиот насилен екипаж од бродот „Фенси“. Вејн ужива во новата позиција на тврдината Њу Провиденс, додека Џек е етикетиран како „убиец на морнари“.
 
 
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …