Почетна / Серии / „Волшебничките“ се враќаат на малите екрани

„Волшебничките“ се враќаат на малите екрани

 

Популарната серија од деведесеттите години на минатиот век, приказната за трите сестри коишто се волшебнички и се борат против демоните, наскоро би можела да добие своја нова верзија.

Телевизиската куќа „CBS“ соопштила дека моментално се работи на новото сценарио за трите сестри вештерки, чии што ликови од 1998. до 2006. година ги толкуваа Шенон Доерти, Холи Мари Комбс и Алиса Милано, во популарната серија „Charmed“.

 

 

Од страна на претставниците на телевизијата било соопштено дека во овој момент постои само сценариото и дека се уште не е започнато снимањето на пилот епизодата, која што би била создадена за да се тестира гледаноста на оваа серија.

Сепак, една од главните актерки во серијата, атрактивната Алиса Милано, изгледа дека не е многу среќна поради овие вести, а таа своето незадоволство го споделила и преку својот Твитер профил.

 

 

Така, актерката објавила статус во кој вели дека се уште е рано да се сними нова верзија од оваа серија и оти се уште не заздравиле од крајот на нивната ера.

Меѓутоа, дури и доколку овие планови се остварат и серијата започне со емитување, истата би имала преголема конкуренција, пред се поради серијата „Supernatural“, која се занимава со слична тема и која моментално е исклучително популарна кај гледачите од сите возрасти.

Точка

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!